Иван Пешев, Стефан Малиновски, Кристина Попова и Мартин Ристоски се млади иноватори, кои како дел од тимот „Bioneers“ на гимназијата „Орце Николов“ аплицирале на предизвикот за млади истражувачи организиран од Фондот за иновации и технолошки развовој и во 2019 година започнале интересен и иновативен проект – разградување на пластика со брашнарски црви кои во тој процес создаваат органско ѓубриво.
На тимот му се придружил и Давор Трајковиќ, а сите заедно испитале и докажале дека црвите tenebrio molitor поседуваат микроорганизми кои се способни да разградуваат пластика.

Кристина Попова, во интервју за „Иновативност“ вели дека овој метод на еколошко разградување на пластиката, дури и онаа која не се смета за биоразградлива, светската науката се уште го испитува. Се проучуваат ензимите кои го реализираат овој феномен и можноста тие да се издвојат и да се користат во биореактори.
„Идејата произлезе од научното откритие на група научници од Стенфорд изведено во 2015 година, кое вели дека брашнарските црви, познати и како tenebrio molitor, поседуваат микроорганизми кои се способни да разградуваат пластика.“, открива Кристина.
„Организмот на црвите не прави разлика помеѓу хемиските својства на материјалите, што е многу значајно сознаие, бидејќи им дозволува да разградуваат различни форми на пластика, а истовремено да немаат никакви последици за своето здравје дури и во услови ако нивната исхрана целосно се состои од пластика. Докажано е дека брашнарските црви не ги акумулираат токсичните хемиски адитиви, што значи дека се безбедни и подоцна ако се користат како храна за други животни. Проектот на кој работеше нашиот тим „Bioneers“ вклучуваше опремување на живеалишта (терариуми) за црвите, кои се одржуваа во контролирани услови со поволна температура, циркулација на воздухот итн., а се менуваа влажноста и светлината, во обид да го согледаме влијанието и најефикасните услови за создавање ѓубриво. Вклучен беше и систем за набљудување, преку кој се добиваа податоци за понатамошна анализа и обработка, за да дојдеме до конечен заклучок.“, вели Кристина.

Минатата година овие млади иноватори беа избрани од Центарот за управување со знаење да ја претставуваат државата на интернационалниот младински POPRI натпревар организиран од технолошкиот парк Примоски во Словенија, каде што ја освоија „Go Borderless 2025“ наградата.
Целото интервју можете да го прочитате на ИНОВАТИВНОСТ.МК.
