Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сопствениците на приватни шуми и имоти од Малешевијата на мирен штрајк
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Сопствениците на приватни шуми и имоти од Малешевијата на мирен штрајк
Шумарство и водостопанство

Сопствениците на приватни шуми и имоти од Малешевијата на мирен штрајк

Објавено 13/04/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сопствениците на приватни шуми и имоти од Малешевијата, за в четврток во Берово најавуваат мирен штрајк со цел решавање на ситуацијата со нивните приватни недвижни имоти кои се наоѓаат во делот на заштитеното подрачје „Малешево“. Одлуката да започнат штрајк, како што истакнаа организаторите се должи поради фактот што извесен период не можат да ги извршуваат своите работи, со што како што посочуваат се доведува до прашање егистенцијата на околу 1500 вработени во Малешевијата.

-И покрај многуте состаноци и ветувања од локалните и државните власти за решавање на нашиот проблем, не наидовме на слух од надлежните, па затоа ги повикуваме сите граѓани на Општина Берово кои имаат недвижен приватен имот во заштитеното подрачје „Малешево“ да излезат на мирниот протест во четврток на 14 април 2022 (пред просториите на ЈП ,,Македонски шуми”) и да дадат поддршка за во остварување на нашите цели, истакнаа организаторите во поканата за овој настан.

За да се заштити сопственоста на недвижниот приватен имот во заштитеното подрачје Малешево, на мирниот протест, како што посочија ќе биде побарано да се поништи одлуката донесена од Владата за заштитено подрачје врз приватните имоти на Беровчани. Како луѓе кои долги години егзистираат со обработка на дрво од нивните приватни имоти и обработливи земјоделски површини, додадоа дека не се противат на заштитата на природата, туку нивното несогласување е против заштитата на нивните имоти кои се наоѓаат во заштитеното подрачје.

-Нашата егзистенција е доведена во прашање. Ние не сме против да се заштити природата, но сме против прогласувањето на заштита врз нашите приватни имоти, бидејќи многу семејства егзистираат и преживуваат од нивните имоти. Ние само си го штитиме правото на сопственост со Уставот на РСМ, истакнаа сопствениците на приватни шуми.

Најавениот протест, како што истакнаа ќе трае се додека не се исполнат нивните барања и спремни се да ги радикализираат протестите и на повисоко ниво.

Претходно на 14 Декември, беше усвоена предлог-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитен предел, односно заштитено подрачје во категорија V. Површината на идното заштитено подрачје заштитен предел-Малешево со вкупна површина од 11460.89 хектари, во кој спаѓа и голем дел од приватниот имот на граѓани од Малешевијата.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:малешево
Претходен напис До 15 мај продолжена забраната за извоз на одделни житарки и сончогледово масло, до 31 мај укината царината за увоз на зејтин
Следен напис За да се ослободите од змии, морате нивните живеалишта да ги направите несигурни за престој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?