Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Николовски очекува Србија да ја крене „рампата“ и за маслото
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Николовски очекува Србија да ја крене „рампата“ и за маслото
Агровести

Министерот Николовски очекува Србија да ја крене „рампата“ и за маслото

Објавено 11/04/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски очекува Србија да ја крене „рампата” и за маслото. Тој денеска, по состанокот на Потсекторската група за пченица, порача дека не е време за креирање лажни вести и за создавање паника меѓу граѓаните, зашто државата ќе има доволно леб, брашно, јајца и зејтин.

Николовски уште еднаш повтори дека се преземаат интервенти мерки за справување со ситуацијата и апелира земјоделците да ги искористат со цел поголемо и одржливо прозводство.

Земјоделците, пак, се задоволни од поддршката и владините мерки. Најавуваат нивно искористување и зголемување на површините под пченица, но и на сончоглед за најмалку 20 отсто.

-Во постојана комуникација сме со Србија. Очекуваме да ја крене „рампата”. Тука сме да помогнеме за се што треба. Да престанат лажните вести и неодговорното однесување, зашто кризата не погаѓа селективно – едни земјоделци да, а други не. Доста со поделби, етикетирања, навреди и омраза. Ова е време кога треба да им се помогне на сите граѓани, а ние тоа максимално го правиме. Седум пати заседава оваа Потсекторска група, сега се на ред земјоделците. Паника не треба да има зашто државата ќе има доволно леб, брашно, јајца и масло, истакна Николовски.

На Потсекторската група, додаде, станало збор и за тргањето на забраната за извоз на српското жито.

-Наша единствена цел е тргање на забраната за сите компании, за сите склучени договори. Ќе испратиме забелешки за одредени договори кои не биле опфатени во делот на пченицата и пченката. Согласно разговорите, очекуваме тргање на забраната за сите производи. Има и други за кои има барања, макотрпно и деноноќно работиме на тоа. Ќе повторам, не треба да има паника кај граѓаните, тие треба да бидат мирни. Храна ќе има доволно, но треба сите одговорно да се однесуваме. Верувам дека со сите наши напори и преку постојаната комуникација со земјите од регионот, ќе обезбедиме се што е потребно. Утре заминуваме во Турција, на разговори за обезбедување вештачко ѓубриво иако во моментов има залихи, подвлече министерот.

Според проекциите, до крајот на годинава се очекува Интервентниот фонд засега тежок 400 милиони денари, да достигне 600 милиони денари, вклучувајќи ги и мерките за претстојната есенска седиба.

-Храна и житни култури мора да има, ниту една обработлива површина нема да остане незасеана, ѓубриво има доволно, секој земјоделец добива рекордна подршка и субвенција. Целта е зголемување на домашното производство и намалување на увозната зависност, рече министерот и најави дека оваа недела ќе биде објавен повикот за 6 000 хектари државно земјоделско земјиште за производство на житни култури.

Планот за производство на храна, потенцира Николовски, постојано ќе биде дополнуван со нови мерки и политики.

-Задоволни сме од мерките за помош што се донесени. Останува ние да го зголемиме производство, да станеме независни од сите зрнести производи. Годинава за 20 отсто најмалку ќе биде зголемено производството на сончоглед. Очекувам зголеменои проиозводство на килограм по хектар благодарение на стимулацијата од државата, рече Петре Стојковски од Асоцијација на земјоделци.

И Стеванче Јорданоски од Националната федерација на фармери смета дека мерките ќе придонесат за поголемо пропизводство.

-Дадовме неколку предлози кои беа усвоени. Резултатот досега е за поздравување. Треба да се искористат дополнителните мерки од Интервентниот фонд. Се надеваме дека ќе влијаат позитивно, ќе се зголеми производството на пченица и други житни култури. Но, голем дел од производството не зависи само од нас, тука се и климатските промени, истакна Јордановски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:мазлосончоглед
Претходен напис Дебата: За излез од кризата е неопходно производството на храна да биде одржливо и да се сменат куповните навики
Следен напис Историски максимум: Руската извозна царина за пченица надмина 100 долари по тон
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?