Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонското јагне се бара за извоз, сточарите незадоволни од откупната цена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Македонското јагне се бара за извоз, сточарите незадоволни од откупната цена
Пазари

Македонското јагне се бара за извоз, сточарите незадоволни од откупната цена

Објавено 11/04/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонското јагне се бара на странските пазари, но понудата е сѐ помала. Побарувањата се уште поголеми, но се јавува недостиг од јагнешко месо, констатираат од кланичката индустрија.

Според Тони Павлоски од кланична индустрија, извозот е непречен, а со домашниот пазар „тешко оди“.

– Откупот на јагнињата тече непречено, понудата секоја година е послаба, побарувањата за извоз се поголеми, полека се појавува недостиг на јагнешко месо. Во споредба со лани, побарувачката е поголема за извоз, ама за домашниот пазар тешко оди. Нашата фирма извезува во Хрватска и во Италија. Откупната цена во моментов е околу 180 денари за килограм жива мера. На сточарите секогаш им е малку, на откупувачите, многу. Како што се работите, најверојатно ќе се појави недостиг од јагнешко, најмногу поради цената. Моментално, продажната цена е 380 денари. Тешко некако е и со продажбата и со побарувачката за домашен пазар. За понатаму, ништо не се знае, пазарот ја одредува цената. Извоз има, има и за домашен пазар, ама потрошувачката не е како порано – објаснува Павлески.

Ѕвонко Мицески е сточар од Штавица, Прилепско. Чува преку 300 овци, и од дете е со стадата. Мицески не е задоволен со откупната цена, сѐ уште чека подобра. Бара државата ветените 400 денари за заклано јагне побрзо да ги ислплаќа, а вели, потребни се и други субвенции. Мицески знае дека е намален сточниот фонд.

– Не сум задоволен, цената е 170 денари, храната за јагнињата е 25 денари од килограм. Ни ветија по 400 денари од заклано јагне, ама кога ќе ги дадат парите?! Многу ни е битно што побрзо да ни ги дадат. Но, и други субвенции ни требаат, трошоците се големи. Јагнињата уште не ми се продадени. Чекам прифатлива цена. Ќе почекам уште неколку дена и ќе мора да ги дадам. Храната за нив е многу скапа. Јас чувам овци уште од дете, ама полека се намалува бројот – вели Мицески.

Граѓаните се скептични и не знаат колку јагнешкото ќе го има на велигденската трпеза. Сметаат дека цените се високи, а до Велигден може да бидат уште поголема.

Може да ви се допадне

Украдени овци и јагниња од бачилото на сточар во штипското село Лакавица
Сточарите во сабота ургентно ќе се соберат, бараат гарантирана откупна цена за јагнињата
Трипуновски: Условот за предавање на јагниња во кланичните центри се намалува од 50% на 30%
При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Таг:јагниња
Претходен напис Дебата „Земјоделско-прехранбените пазари и обезбедувањето со храна во контекст на тековната глобална криза“
Следен напис Најмногу дожд во Берово, во Штип ветер со брзина до 50 километри на час
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?