Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Николовски: Земјоделците да ги искористат новите интервентни мерки, заеднички да овозможиме одржливо и зголемено домашно производство на стратешките земјоделски култури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Николовски: Земјоделците да ги искористат новите интервентни мерки, заеднички да овозможиме одржливо и зголемено домашно производство на стратешките земјоделски култури
Агровести

(ВИДЕО) Николовски: Земјоделците да ги искористат новите интервентни мерки, заеднички да овозможиме одржливо и зголемено домашно производство на стратешките земјоделски култури

Објавено 07/04/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во период на светска криза, на затворени пазари, наша обврска е да создадеме услови за што поголемо домашно производство на стратешките земјоделски култури, затоа и донесовме сет мерки за поддршка на земјоделците, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешниот брифинг со медиумите.

Николовски посочи дека на последната владина седница се изгласаа измените на Програмата за интервентен фонд и Програмите за директни плаќања и за рурален развој, со кои се предвидени повеќе нови мерки за поддршка на производството на поледелски култури и за сточарството. Овие измени се резултат на консултации со земјоделците, стопанските комори, Факултетот за земјоделски науки и храна и потсекторските групи во МЗШВ.

„Нова интервентна субвенција за набавка на вештачко ѓубриво којашто ќе изнесува 40% или 4.000 денари по хектар за пченицата и за пченката и нова интервентна субвенција од 2.500 денари по хектар за јачмен и сончоглед. Поддршката е итна ,интервентна, односно исплатата ќе биде на неделно ниво, преку Платежната агенција. Од понеделник до петок земјоделците ќе треба да поднесуваат барања за набавени ѓубрива, со фискални сметки со пропратна документација и потоа во следната недела ќе се врши исплатата. Транспарентно ќе објавуваме колку земјоделци аплицирале, колку ја искористиле оваа мерка и во кој износ. Сакаме да ги мотивираме сите да ги искористат овие средства, оваа можност покрај останатите мерки, покрај зелената нафта, покрај редовните субвенции. Дополнително сите они кои ќе направат принос кај пченицата од над 4.000 тони по хектар или кај сончогледот од 1,5 тони по хектар, ќе добијат дополнителна субвенција од 5.760 денари по хектар. Со тоа ќе го поттикнеме домашното производство на овие стратешки култури. Апелирам земјоделците да го искористат овој период и за пролетната сеидба на сончоглед заради тоа што обезбедивме 40% поддршка за ѓубриво за сончоглед, околу 100 евра за сите што ќе имаат принос од 1,5 тони сончоглед“, изјави министерот Николовски.

При тоа, Николовски посочи дека во подготвениот „Национален план за производство на храна“ којшто ќе се достави до Владата и ќе се дополнува со нови мерки, се опфатени и останатите сектори, како што се новите мерки во делот на предадено јагне, предадени гоеници, интервентна субвенција за живинарите од 60 денари по несилка, објавување на наменски јавен оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп за поледелски култури со кој ќе се доделуваат вкупно 6.000 хектари во различни региони и други мерки.

Министерот Николовски потенцираше дека се става акцент не само на производството на стратешките суровини за основните производи брашно, леб, масло за јадење, туку и за останатите производи како што се млекото и јајцата, нудиме еден огромен пакет на мерки и политики како да за одржливо и зголемено домашно производство на овие стратешки земјоделски култури, рече министерот Николовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Николовски
Претходен напис Околу 20 илјади јагниња од Дебарско на странските пазари
Следен напис Поевтинува само мазутот, цените на другите горива остануваат исти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?