Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поддршка од „БиМилк“ за фармерите да користат робот за измолзување на кравите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поддршка од „БиМилк“ за фармерите да користат робот за измолзување на кравите
Агровести

Поддршка од „БиМилк“ за фармерите да користат робот за измолзување на кравите

Објавено 07/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Битолската компанија „БиМилк“ која годинава одбележува 70 години постоење, најави поддршка за фармерите за користење најсовремена опрема во производството на млеко, односно користење најсовремен робот за измолзување.

Според генералниот директор Ѓорги Петрушев, вложувањето во нова современа опрема е континуирано и со цел да се овозможи унапредување на процесот на млекопроизводството.

-Препознаени сме како доверлив партнер не само на фармерите туку и од програмата на УСАИД, со кои неколку години по ред имаме билатерални меморандуми за соработка и заедничка поддршка на семејни фирми со развоен потенцијал. Како резултат на ова, наскоро, наши фармери ќе бидат меѓу првите кои во земјава ќе почнат со користење на најсовремен робот за измолзување и тоа е значајна инвестиција – најави Петрушев.

Од „БиМилк“ најавуваат и друга поддршка за фармерите, пред се за ублажување на индиректните негативни ефекти од кризата во Европа, посебно од нарушувањето на системот за снабдување со житарици потребни за сточна храна, растот на цените и други проблеми.

-Размислуваме како да ја зголемиме млечната база во државата и да го унапредиме јадрото и да се зголеми продуктивноста и ефикасноста за помалку да се чувствуваат екстерните шокови. Во услови на зголемени трошоци на сите субјекти, ние направивме корекција на откупната цена на млекото, дадовме неповратни средства за пролетната сеидба како дополнителна помош за сточарите и со нив сме во постојана комуникација затоа што клучна работа во овој момент е да се најде тој т.н. деликатен баланс со кој се овозможува опстанок на примарните производители и нивни развој, заштита на стандардот на потрошувачите и обезбедување на долгорочна одржливост и стабилност на преработувачите, односно сите чинители во млечната индустрија – посочи Петрушев, пренесува МИА.

Битолската компанија „БиМилк“ ги поддржа своите кооперанти со финансиски гаранции, кредитирање при набавката или обезбедување на резерви од сточна храна за набавка на нови грла јуници, односно за постигнување на максимален ефект од увозот на јуници кој го стимулира државата со потпишување договори за субвенционирање при набавка, увоз на јуници.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бимилккрави
Претходен напис Земјите на ИЕА пуштаат 120 милиони барели нафта за да ги стабилизираат цените
Следен напис ЕУ ги затвора своите пристаништа и патишта за Русија и Белорусија? Полска гради „суво пристаниште“ за украински производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?