Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зголемени се цените на нафтата поради најавата за нови санкции кон Русија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зголемени се цените на нафтата поради најавата за нови санкции кон Русија
Агровести

Зголемени се цените на нафтата поради најавата за нови санкции кон Русија

Објавено 06/04/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на нафтата во текот на вчерашниот ден се искачија на 109 долари, откако ЕУ објави нови санкции за увоз на руската нафта за да ја казни Москва за наводните воени злосторства во Украина, со што повторно дојдоа до израз малите резерви.

На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневните часови беше за 1,10 долари повисока од претходното затворање и изнесуваше 108,63 долари. На американскиот пазар барелот се тргувал по 1,12 долари повисока цена, од 104,40 долари.

Трговците денеска се фокусираа на најавите на западните земји дека ќе воведат нови санкции кон Русија за убиствата на цивили во Украина. Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден изјави дека новите американски санкции кон Москва ќе бидат објавени оваа недела.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок рече дека забраната за јаглен ќе биде проследена со забрана за нафта, а потоа и гас.

„Додека Европската Унија работи на нови санкции кои би можеле да ја таргетираат руската нафтена индустрија, цените на суровата нафта може благо да пораснат на краток рок“, рече аналитичарот на FXTM, Лукман Отунуга.

За да ги намалат цените, сојузниците на САД минатата недела одлучија да ја координираат продажбата на нафта од стратешките резерви, по втор пат во еден месец. Сепак, јапонскиот министер за индустрија Коичи Хагиуда рече дека Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) сè уште работи на деталите. Понудата, сепак, се намали и Ирак денеска објави дека произведува 4,15 милиони барели нафта дневно во март, 222.000 барели помалку од квотата што ја доби според договорот меѓу Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија.

Некои други производители, како Ангола и Нигерија, исто така имаа потешкотии да ги пополнат квотите, поради недоволните инвестиции и проблемите со одржувањето, што дополнително го влошило проблемот со недоволното снабдување.

Во меѓувреме, Казахстан ја намали прогнозата за производство на нафта оваа година од 87,5 милиони на 85,7 милиони тони, откако бил оштетен терминалот на конзорциумот на Каспискиот гасовод во Русија. Аналитичарот на Saxo Bank, Оле Хансен, очекува барелот да чини помеѓу 90 и 120 долари во вториот квартал од годината.

„Клучните настани кои би можеле да ја зголемат неизвесноста остануваат изгледите за договор за иранската нуклеарна програма, можна дозвола за Венецуела да го зголеми производството и, не помалку важно, можното зголемување на производството на нафта од шкрилци во САД“, рече Хансен.

Може да ви се допадне

Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите
Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Таг:нафта цена
Претходен напис Времето денеска сончево и потопло, дневната температура до 21 степен
Следен напис (ФОТО) „Охридски Комуналец“ го чисти крајбрежјето на Охридското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?