После две години пауза поради Ковид-кризата, ја продолжуваме поддршката за организирање на манифестации и саеми за промоција на земјоделски производи.
На веб-страницата на #МЗШВ објавен е новиот јавен повик кој овозможува финансиска поддршка до 120.000 денари по корисник. Ги повикувам единиците на локалната самоуправа, здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој, стопанските комори и задруги да аплицираат на јавниот повик за користење на техничката поддршка од Министерството, со цел организирање на промотивни настани за земјоделски производи, информираше министерот Николовски.
Повикот е отворен и ќе трае заклучно со 22.04.2022 година.
Повеќе информации на следниот линк: МЗШВ
Николовски: По две години пауза објавен е нов јавен повик кој овозможува финансиска поддршка до 120.000 денари по корисник за организирање саеми и манифестации
Остави коментар
Остави коментар
