Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Војната во Украина ја потресе светската сточарска индустрија – се стравува од затворање на фарми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Војната во Украина ја потресе светската сточарска индустрија – се стравува од затворање на фарми
Агровести

Војната во Украина ја потресе светската сточарска индустрија – се стравува од затворање на фарми

Објавено 30/03/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Војната во Украина трае повеќе од еден месец. Дури и по завршување на конфликтот, светот ќе ги чувствува економските последици од овој конфликт со децении.

До војната, Украина беше главен светски играч во областа на производството на храна. Со своите 42 милиони хектари земјоделско земјиште, до 2014 година хранеше голем дел од Русија, произведувајќи месо, млеко и житарки. Историски гледано, во далечната 1990 година нивното производство на сточна храна достигна рекордна вредност од 16 милиони тони.
Земјоделството е стратешки важен сектор за Украина, во 2019 година учествуваше со околу 11% од БДП, 31% од извозот и 17% вработени.

Земјоделските производи се транспортираат со железница до пристаништата на Црното Море, а оттаму со бродови низ светот. Во последниве години, големите меѓународни компании инвестираа огромни суми во изградбата на товарни терминали во украинските пристаништа на Црното Море, планирајќи големи зделки. Шпанија, Италија и другите европски земји стануваат зависни од нивното жито. Побарувачката за житарици и маслодајни семиња рапидно расте во Кина, Египет и Блискиот Исток. И тогаш се случи војната и сè запре.

Новинари на Ројтерс, Гевин Џонс и Кристијано Корвино неодамна интервјуирале италијански сточари. Одгледувач на свињи од областа Кремона, стравува дека со неговата 4-та генерација фармери во семејството, свињарството ќе биде затворено поради претстојниот недостиг на сточна храна и војната во Украина. Трошоците за набавка на сточна храна за овој италијански сточар вртоглаво пораснале, а тој како и многу други стравува дека ќе мора да ги испрати животните во кланица доколку состојбата не се подобри.
Италија побара од ЕУ да го укине ограничувањето за помош на земјите членки во такви ситуации.

Шпанците веќе се обидуваат да набават сточна храна од Аргентина и Бразил. Ова е европска земја со најголем сточен фонд од 58,8 милиони свињи, крави, овци и кози според статистиката на ЕУ од 2021 година. На Еуронекст, европската берза во Париз, пченката на почетокот на март достигна рекордна цена од 420 евра за тон, што е 50% зголемување по нападот на Русија врз Украина. И тука се исцрпени залихите на сточна храна од Украина.

Украина е стратешки снабдувач на суровини за добиточна храна за Турција. Оваа земја произведе околу 25 милиони тони сточна храна во 2019 година. Од друга страна, Турција увезува 12 милиони тони суровини за производство на сложена сточна храна. Со други зборови, Украина е нивниот најважен снабдувач на житарки и суровини за производство на сложена сточна храна, а исто така увезуваат големи количини житарки од Русија.

Цената на пченката во САД, се жалат сточарите, достигнала околу 7,4775 долари за 1 бушел (околу 35 килограми) набргу по почетокот на војната во Украина, највисока во последната деценија.
Украина извезува околу 16% од светската пченка, и иако најголемиот дел од неа се увезува во источноевропските земји, нестабилноста на пазарот ги зголеми цените ширум светот. Слично на тоа, иако најголемиот дел од руската нафта се извезува во Азија и Европа, војната во Украина го поттикна растот и цените на дизелот во САД и низ целиот свет.

Украина само во сезоната 2019/2020 произвела над 6,2 милиони тони добиточна храна. Во 2019 година произвеле 75 милиони тони жито, а планирале да извезат 52 милиони тони жито. Истата година, според светските статистички извештаи, Украина била 4-ти најголем извозник на пченка и 5-ти најголем извозник на пченица во светот, пренесува Agroklub.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:сточарство
Претходен напис Временските услови оптимални за земјоделските култури
Следен напис Осум компании од Австрија заинтересирани за инвестиции во патната и железничката инфраструктура во земјава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?