Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На „Табановце“ камионите поминуваат за помалку од 30 минути, тенденцијата на „Отворен Балкан“ е слободен проток
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На „Табановце“ камионите поминуваат за помалку од 30 минути, тенденцијата на „Отворен Балкан“ е слободен проток
Агровести

На „Табановце“ камионите поминуваат за помалку од 30 минути, тенденцијата на „Отворен Балкан“ е слободен проток

Објавено 29/03/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Отворен Балкан“ значително го забрза протокот на стоки. На граничниот премин Табановце – Прешево камионите ги минуваат царинските и полициските контроли за помалку од четири минути, а целиот процес на проверки и пропуштање, заедно со ветеринарните и фитосанитарните инспекции, не трае повеќе од половина час.

Ова го истакнаа Зоран Јовановски од Стопанската комора на Македонија и претседателот на српската Стопанска комора Марко Чадеж по работниот состанок на Табановце – Прешево со своите економски тимови.

Тенденцијата на „Отворен Балкан“ е слободен проток, изјавија Јовановски и Чадеж, а на двата премина, и на Табановце – Прешево и на Ќафасан – Ќафтане, кој исто така денеска ќе го посетат, наскоро ќе бидат ставени посебни табли и линии за камионите од трите земји членки на Иницијативата, Србија, Албанија и Македонија.

-Предноста на „Отворен Балкан“ не е тоа што камионите нема да чекаат долго или воопшто, туку соработката меѓу трите земји во однос на снабдувањето на храната и нејзината безбедност, снабдувањето со основни животни намирници,… Тоа се големи работи – да не размислуваме дали имаме масло, брашно, шеќер или жито зашто секој од нас нешто има. Ако сме се согласиле дека ќе си помагаме, тоа и да го правиме. Во однос на храната која навистина е проблем и цената на пазарот кој остана без добар дел од количините кои доаѓаа од Русија, Украина, Белорусија, кога е во прашање „Отворен Балкан” резултатите се гледаат – граѓаните на нашите земји не мора да размислуваат за работи за кои многу земји мора да размислуваат – нагласи Чадеж.

Според Јовановски, охрабрува исклучителната конструктивност на сите што се дел од Иницијативата „Отворен „Балкан“, желбата да се соработува и да се изнајдат конкретни, опипливи решенија.

-Фокусот на „Отворен Балкан“ да се испорачуваат конкретни резултати, е она што ја одвојува оваа Иницијатива од некои претходни што сме ги имале. Сѐ што е проблем да се идентификува и да се најде решение – тоа е сега фокусот, а сите инволвирани страни се конструктивни, потенцира Јовановски.

На прашањето како во овие кризни услови трите земји може да си помогнат, Јовановски одговори – преку сѐ што ги олеснува условите за водење бизнис.

-Во време на криза како актуелната, може да си олесниме преку намалување на трошоците за бизнис секторот, преку овозможување поголем проток на стоките и поминување на границите. Така се штеди време, а времето е пари. На тој начин ќе се продаваат и производите поевтино, ќе се постигне поголема конкурентност. Значи, сѐ што ги олеснува условите за водење бизнис – рече Јовановски.

Економските тимови на српската и македонската стопанска комора, предводени од Чадеж и Јовановски, на работниот состанок разговарале како уште можат да помогнат за дополнително да го намалат и онака скратеното време на чекање на Табановце.

-Разговаравме како уште можеме да помогнеме – да донесеме контејнери кога е во прашање фитосанитарната и ветеринарната служба, да видиме како да го прошириме протокот, размената на информации зашто доаѓа до забавување на системот кога е голема фреквенцијата. Тоа е од интерес за двете земји зашто заштедува пари – информира Чадеж.

Според податоците на коморите, Табановце – Прешево е најбрз премин по проток на стоки од останатите меѓу трите земји. Дневно тука поминуваат по околу 600 камиони, а лани вкупната бројка била 22.000 камиони.

-Кога камион ќе дојде, не се задржува подолго од четири минути. Заедно со ветеринарните инспекции процесот се завршува за помалку од половина час. Тоа е голем напредок – подвлече претседателот на српската Стопанска комора.

Во тек е средба на претставници на шпедиции кои функционираат на двата премина, со претставниците од двете стопански комори.

За попладнево е закажана и обиколка на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане.

МИА

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:open balkanотворен балкан
Претходен напис Намален водостојот на Дојранското Езеро
Следен напис ФИТР ќе продолжи да ги поддржува иновативните компании и стартапите со квалитетни идеи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?