Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Шест пожари во Струмичко за три дена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Шест пожари во Струмичко за три дена
Агровести

Шест пожари во Струмичко за три дена

Објавено 28/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Шест пожари на отворено избувнаа во Струмичко за три дена и во нив изгоре површина од десетина хектари со сува трева, грмушки и дрвја и еден напуштен објект.

Струмичките пожарникари вчера гаснеле пожари на три различни локации, а најголем бил тој во атарот на село Колешино каде горела сува трева, грмушки и дрвја на површина од околу 3 хектари.

Во атарот на село Едрениково гореле млади борови садници и сува трева, а во село Мокрино пожарникарите гаснеле сува трева и нискостеблеста шума.

Во гаснењето на овие пожари учествувале седум противпожарни возила и 25 пожарникари.

Според Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица, причината за толку голем број пожари на отворено е невниманието на граѓаните, но за него загрижувачки се и пожарите на депониите – и на легалните и на дивите.

-Секако, свое влијание има сушниот период, но како и секогаш најголем виновник за појавата на пожарите на отворено се граѓаните кои не внимаваат каде и што палат и, секако, несовесниот однос при одлагањето на отпадот на депониите. Апелираме до сите да бидат крајно внимателни, бидејќи овие пожари на отворено бргу се шират и зафаќаат големи површини – рече Гудев за МИА.

Пред три дена избувнаа пожари на отворено на три локации во Струмичко во кои изгореа сува трева, грмушки и нискостеблеста шума, а покрај патот за селото Просениково во опасност беа и повеќе викендички.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пожариструмичко
Претходен напис Maкедонско вино на меѓународниот Slow Wine саем во Болоња
Следен напис Ѓубрење на младото лозје по садењето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?