Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Туристичката година е критична и неизвесна, оценува бизнис секторот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Туристичката година е критична и неизвесна, оценува бизнис секторот
Рурален Развој

Туристичката година е критична и неизвесна, оценува бизнис секторот

Објавено 25/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Веќе ги изгубивме рускиот, украинскиот и полскиот пазар, намалени се групите на нашите традиционални посетители од Белгија и Холандија, а откажани се и голем број аранжмани или можеби ќе се реализираат, но без гаранција, оценува бизнис секторот од Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија.

Од Здружението на денешниот брифинг со новинарите истакнаа дека ситуацијата е катастрофална, не само поради актуелната пандемија и руско-украинскиот конфликт, туку и поради „несредените” работи дома. Загрижени се, како што рекоа, дека ако итно не се преземе ништо, ќе ја пропуштиме не само оваа, туку и 2023 година.

-Убедливо сме најлоши во регионот, се остварија нашите предупредувања за падот од 60 проценти во 2021 година во однос на 2019-та, пред пандемијата. Неопходно е државата да создадае услови за туризмот, а институциите да си ја вршат работата. Треба да профункционира и Советот за туризам кој „не работи” веќе 15 месеци и конечно да се стави во функција комитетот за туризам кој е формиран со официјална владина одлука уште во ноември 2020 година, реагира Здружението и додава дека македонскиот туризам буквално не мрднал од позицијата во 2020 година.

Според бизнис секторот, третманот на туризмот е сведен на „прошетки” и „убавини”.

-Секторот не е препознаен како економски систем. Пристапот ни е катастрофален. Активностите засега се несериозни и вид параван или симулација на она што фактички се случува. За каков маркетинг зборуваме ако се уште не го знаеме профилот на домашниот и на странскиот турист. Немаме таргет, а правиме промоции. Врз база на што? И кога се зборува за остварени приходи, тоа треба да е по шифра на дејност, зашто се друго е манипулација. Хаос е и во евиденцијата. На пример, регистрирани се 90 национални ресторани, а во „Златна книга” има 1 400, потенцираат од Здружението кое пред речиси една година испратило вкупно 65 предлози до Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, но до сега се уште нема добиено никаков одговор.

Од Здружението предочија дека во 2019 година приходите од труизмот биле околу 480 милиони евра, а според АППТ сега имаме три отсто помалку приход со 60 отсто помалку странски туристи и со пет отсто помалку домашни туристи.

-Ова е нонсенс. Бесмислица се и тврдењата на Агенцијата дека украинските туристи ќе ги замениме со турски, како и дека ќе имаме еден милион бугарски туристи. Инаку, според податоците од Министерството за економија и од Владата, имаме 50 хотели помалку категоризирани во 2020-та и 2021-ва во однос на 2018-та и 2019 година и 47 туристички агенции со А лиценца помалку, односно од вкупно 180 хотели, сега имаме 130, а од 177 агенции имаме околу 140 со А лиценца, рекоа од Здружението.

МИА

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Почнува Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад, Северна Македонија е држава партнер
Таг:туризам
Претходен напис Употреба на вар во прав за регулирање на pH на почвата
Следен напис Николовски од Штип: Интервентниот фонд ќе се прошири со нови мерки, обезбедуваме субвенции за набавка на вештачко ѓубриво и за пченка, сончоглед и ориз
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?