Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За да го регулирате притисокот, јадете млад кромид
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > За да го регулирате притисокот, јадете млад кромид
Магазин

За да го регулирате притисокот, јадете млад кромид

Објавено 24/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Клучот на здравиот начин на исхрана лежи во тоа, секој од нас да јаде сезонски плодови. Со оглед на тоа што во пролет најмногу има, млад кромид, лук, јагоди и марули, обидете се овие намирници да ги имате постојано дома и да ги јадете колку што можете повеќе.
Токму поради тоа што сезоната на младиот кромид е во полн ек убаво е да се знае дека со неговото секојдневно консумирање, можат да се спречи појавата на многу болести.

Младиот кромид претставува вистинска нутритивна ризница на хранливи состојки. Тој е идеален додаток на јадењата и може да се приготви на различни начини.
Уште од многу одамна, алтернативната медицина, младиот кромид го смета за неверојатно вредна и здрава намирница која може да го регенерира вашиот организам.
Младиот кромид, освен што ќе ви помогне брзо да се опоравите доколку сте настинати, ќе ви помогне и во нормализирањето на високиот крвен притисок.
Поради фактот што во својот состав има материи кои имаат антивоспалителни својства, младиот кромид во голема мера може да ви помогне и да ги намалите секојдневниот стрес, главоболката и уморот.

Доколку ве боли грло или пак сте настинале, обидете се наместо со антибиотик, ваквата состојба да ја решите со помош на младиот кромид.
За да подготвите лек за болно грло, потребно ќе ви биде да го исецкате зелениот дел од младиот кромид и да го измешате заедно со малку сок од лимон и 20 гр рендан ѓумбир. Откако овие состојки ќе ги измешате, можете да јадете од вака подготвената смеса по два пати на ден, по една мала супена лажица или пак доколку не сакате да ја консумирате, ставете дел од смесата во памучно марамче и врзете го марамчето на врат. Болката во грлото многу брзо ќе престане.

Младиот кромид покрај тоа што на храната и дава свежина, е и намирница која изобилува со многу корисни состојки. Во неговиот состав, застапени се витамините Ц, Б, К, А, калиум, калциум, керцитин и растителни влакна.

Доколку имате проблеми со отекување на зглобовите, младиот кромид може многу да ви помогне да си го решите овој здравствен проблем.
За тоа ќе ви бидат потребни неколку млади кромитчиња кои треба да ги варите околу 20 минути на тивок оган. Откако кромидот ќе се свари, измиксирајте го заедено со дел од водата во која претходно се варел. Измиксираната смеса, треба да биде убаво сомелена и на прв поглед да наликува на паста.
Со вака подготвениот лек, отечените зглобови мачкајте ги два пати во текот на едно деноноќие. Бенефитите ќе ги почувствувате само после неколку дена.

Најголем бенефит кој ќе го добиете доколку редовно консумирате млад кромид е тоа што вашата крв ќе биде совршена. Покрај тоа, кромидот има и прочистувачки својства, а ги стимулира и регенеративните процеси во човечкиот организам.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:млад кромид
Претходен напис Влада: Рекордно зголемена трговската размена меѓу Македонија и Германија
Следен напис Крлежите можат да предизвикаат помор на јагниња и јариња
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?