Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бочварски: Се разработуваат можности за намалување на цените на патарините
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бочварски: Се разработуваат можности за намалување на цените на патарините
Агровести

Бочварски: Се разработуваат можности за намалување на цените на патарините

Објавено 24/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како Влада разработуваме модалитети за дали е можно и колку да се намалат цените на патарините, но истите да бидат одржливи, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Тој посочи дека ќе се работи на патарините кон Тетово и Гостивар за да се постигне целосно електронска наплата на патарини со што ќе се намали уделот на човечкиот фактор.

„Во 2015 година започна проектот за реконструкција на електронските патарини. Ние веќе работиме и на Коридор 8, патарината кон Куманово е веќе реконструирана, ќе се работи и на оние кон Тетово и Гостивар со цел да имаме целосно електронска наплата на патарини со што ќе се намали уделот на човечкиот фактор во однос на овој процес“, рече Бочварски.

Бочварски вели дека моделот со винетките не е доволно праведен.

„Моделот со винетките не е доволно праведен, затоа што винетка користи и оној граѓанин кој патува секој ден на одредена дестинација и повеќе ги користи патиштата, отколку што некој можеби ќе наплати винетка со регистрацијата, односно, патна такса, а притоа можеби и нема да ги користи јавните патишта. Праведен модел е на тоа кој повеќе патува да плаќа повеќе, отколку некој кој користи само локални патишта“, смета Бочварски.

Тој посочи дека 46,4 милиони евра се собрани од наплата на патарини во минатата година во ЈП за државни патишта.

„Оваа година, имаме најголем буџет за изградба и реконструкција на патишта, односно над 350 милиони евра, што значи дека многукратно повеќе се вложува во текот на годината односно тоа е проектиран буџет најголем во историјата на независна Македонија за изградба и реконструкција на патишта“, потенцира Бочварски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бочварскипатарини
Претходен напис Времето денеска сончево, ветровито и топло со температури до 23 степени
Следен напис Цената на маслодајната репка се приближува до 1.000 евра за тон
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?