Српската стопанска комора (ССЦ) одржала состанок со водечките извозници на овошје во Руската Федерација за разгледување на можностите за зголемување на извозот на други пазари како Северна Африка, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Индија и Далечниот Исток, пренесува Agroklub.
„Поради кризата во Украина, нашите производители на јаболка, јагоди, цреши, вишни, кои најмногу се пласираат во ЕУ и на рускиот пазар се во големи проблеми поради неизвесноста и непредвидливоста на бизнисот. Еден од предлозите е да се разгледа поголем извоз на пазарот во Голфскиот залив, ОАЕ, Саудиска Арабија, Мароко, Египет, но и подалеку, на пример во Индија“, изјави Михаило Весовиќ, директор на Секторот за стратешки анализи, услуги и интернационализација на ССК и потсетил дека постои мрежа на канцеларии на Комората во светот кои можат да помогнат за пронаоѓање нови деловни партнери.
Србија во Русија извезуваше околу 80 проценти од јаболката. По ескалацијата на конфликтот, претседателот на Здружението на овоштари на Војводина, Зоран Кесеровиќ, проценува дека извозот на тамошниот пазар ќе се намали за 25, а можеби и повеќе од 30 отсто.
Никола Котарац, директор на задругата „Вочар“, вели дека само на тоа место во залиха има 7.000 тони јаболка.
-Ситуацијата дополнително се усложнува поради фактот што најважната компанија извозник е во блокада и на овоштарите им должи 27 милиони евра. Така низата продолжува. Овоштарите им должат на задругите, а задругите должат на електродистрибуција, на „хемиските“ куќи и слично – вели Котарац.
Кога станува збор за замрзнатото овошје, пред сѐ малините и капините, најголем дел од робата од Србија завршува на пазарот на Европската Унија, пред сѐ во Германија, Франција и Австрија, па Кесеровиќ не очекува никакви нарушувања во извозните аранжмани.
