Министерот Љупчо Николовски денеска во Струмица се сретна со претставници од преработувачката индустрија.
„Денеска во Струмица имавме средба со претставници од преработувачката индустрија со коишто ги анализиравме моменталните состојби, ги слушнавме нивните предлози со цел да продолжиме да креираме мерки за развој на оваа гранка.

Најважно за одржливост на преработувачката индустрија е развојот на договорното производство како и окрупнување на земјоделските парцели. Радува фактот за раст на извозот на конзервативната индустрија којшто е постигнат минатата година од над 74 милиони евра, но наша обврска е да бараме алтернативи за нашите земјоделски производи особено со последните случувања во Украина и Русија.
Како Министерство даваме силна поддршка преку бројни мерки, тоа е моделот за сигурен пласман и домашна квалитетна суровина.“, рече Николовски.
