Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Доколку сакате поголем принос на јајца, хранете ја живината со коприва
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Доколку сакате поголем принос на јајца, хранете ја живината со коприва
Совети

Доколку сакате поголем принос на јајца, хранете ја живината со коприва

Објавено 24/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Употребата на коприва како додаток во исхраната влијае на тежината на живината, и на подобар принос на јајца, но од друга страна тоа е тешко применливо на големи фарми.

Позитивните ефекти на копривата врз човековиот организам се познати одамна, но сепак копривата практично слабо се користи во исхраната. Копривата е богата со витамини (А, Б, Ц, Д и витамин К) и минерали (хром, фосфор, калиум, магнезиум, цинк…), протеини и често се препорачува како додаток во исхраната кај живината.

Без разлика дали се занимавате со одгледување живина или планирате да почнете, важно е да знаете дека постојаната употреба на различни концентрати во исхраната нема да донесе големи придобивки за овие животни.

Како и на човекот, така и на живината ѝ е потребна урамнотежена исхрана, па покрај концентратите, неопходно е да се додадат и бројни хранливи материи, поточно растенија, вклучително и копривата.

Копривата содржи протеини и омега 6 полунезаситени масни киселини кои го зајакнуваат имунитетот на живината, пишува Агроинформ.

Како да ги подгответе копривите за исхрана на живината?

Според руските стручњаци, за употреба на копривата во исхраната, потребно е да се соберат листовите и врвовите на растението бидејќи не е потребно стеблото и правилно да се обработат (по берењето се ставаат во сад, се преливаат со врела вода и се варат 15 минути), потоа се додава концентрат или зрна, бидејќи кокошките не сакаат да јадат свежи растенија.

Се покажало дека употребата на коприва како додаток во исхраната влијае на тежината на живината, а исто така влијае и на подобар принос на јајцата, но од друга страна тоа тешко се применува на големите фарми.

Во исхраната на живината покрај коприва може да се користи и лук, камилица, брокула.

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:кокошкикоприва
Претходен напис Живот во кругови во „Градинарското гратче“ – Жителите можат да се занимаваат со градинарство, но и да уживаат во природата и тишината
Следен напис Европската комисија ја советува Холандија принудно да го откупи земјиштето од земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?