Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Американска компанија ја „скенира“ земјава за инвестиција вредна 150 милиони евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Американска компанија ја „скенира“ земјава за инвестиција вредна 150 милиони евра
Агровести

Американска компанија ја „скенира“ земјава за инвестиција вредна 150 милиони евра

Објавено 16/03/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Американска компанија ја таргетира земјава како потенцијално место за реализација на своите инвестиции вредни околу 150 милиони евра. Како што соопшти денеска директорот на Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони Јован Деспотовски, менаџерскиот тим на компанијата ќе допатува во Скопје на почетокот на април.

„Во игра“ за инвестициите на оваа американска компанија е целиот регион, но се смета дека најголема конкуренција на Северна Македонија и е Србија.

-Ние сме во потесен круг. Засега имаме најава само дека менаџерите на компанијата ќе дојдат, а веќе ни е испратен и деловен план. Располагаме со сите податоци за компанијата, но детали ќе објавиме кога целата работа ќе биде во напредна фаза. Она што е важно е дека имаме сериозно голема американска компанија која не е присутна во земјава и која поради ситуацијата во источниот дел од Европа најави на почетокот на април мисија во регионот, вклучително и во Северна Македонија. Неколку држави во регионот се скенираат. Ќе направиме се од наша страна за да ја убедиме компанијата да ги вложи средствата во нашата држава, рече Деспотовски.

На брифинг со новинарите тој информира и дека чешки компании ја разгледуват можноста да го преселат производството од Русија во земјава. Дел од нив се од автомобилската индустрија.

Две компании, пак, кои се веќе присутни во нашите индустриски зони, побарале да им се овозможи фирмите ќерки од Украина целосно да ги преселат во земјава. Според Деспотовски, доколку нема промена во ваквото барање за кое е разговарано со компаниите пред околу две недели, трансферот на капацитетите би се реализирал брзо, за три до шест месеци. Тоа би значело и отворање нови работни места, околу 2 000 во едната и уште 1 200 во другата компанија.

-Воопшто не се радуваме на вакви инвестиции, но ќе излеземе во пресрет. Компаниите немаат никакви посебни побарувања од типот бенефиции или помош, туку напротив, само практични. Всушност, стравуваат дека поради континуитетот на конфликтот работниците ќе им избегаат. Не се толку засегнати од воените дејства, колку што се плашат дека нема да има кој да им работи. Ние им помагаме да најдат физички простор каде ќе може да го преселат производството, истакна Деспотовски, додадавјќи дека механизми има, а може да се стават на располагање и дел од постојните капацитети.

Уверува дека и покрај кризата, застој во инвестициите нема. Дури, како што напомена, некои компании најавуваат и проширување на своите капацитети.

Според Деспотовски, минатиот месец е евидентиран значителен раст на економската активност во индустриските зони не само во однос на јануари 2022, туку и во однос на февруари 2021, што укажува дека ситуацијата е стабилна.

-Имаме и добра, како и навремена реализација на обврските кон компаниите. Само преку Дирекцијата кон компаниите во зоните минатата година се исплатени 731 милион денари или околу 20 милиони евра државна помош. Годинава, за државна помош на компаниите се предвидени 720 милиони денари. За постојните инвеститори, но и за новите со кои во моментот склучуваме договори, вкупниот обем на обврски на државата за исплата на помош, надминува 1,2 милијарди денари. Тука не влегуваат царински ослободувања, ниту ослободување за персонален и данок на добивка, потенцира Деспотовски.

Тој укажа дека ако се направи преглед, се забележува дека и во услови на криза (пандемија и забавени испораки), динамиката на реализацијата на инвестициите е значително подобрена, за околу 34 проценти, а исплатата на државната помош секогаш ја следи оваа динамика.

-Регистриравме над 35 проценти зголемување на износот на исплатената државна помош кон фирмите во зоните, а тоа укажува на две работи: дека државата има капацитет навреме да си ги исполнува обврските кон инвеститорите и дека инвестициите и покрај предизвиците, се реализираат со забрзана динамика. Во изминатите 15 месеци на две компании во два наврата предвреме им беше исплатена државната помош зашто и тие предвреме ги исполнија обврските во однос на предвиденото ниво на инвестиции и достигнувањето на одредениот број работни места, подвлече Деспотовски.

Во врска со индустриската зона Скопје 3, Деспотовски најави дека ќе се вложува во високи технологии.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:американска компанијаЈован ДеспотовскиТИРЗ
Претходен напис „Напредни лозари“: Оваа година ќе се бараат драстично повисоки откупни цени за грозјето
Следен напис (ФОТО) Кога кралицата ќе ги засука ракавите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?