Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Владата ја усвои Програмата за интервентен фонд, вкупно 250 милиони денари ќе се исплатат најдоцна до 30-ти јуни оваа година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Владата ја усвои Програмата за интервентен фонд, вкупно 250 милиони денари ќе се исплатат најдоцна до 30-ти јуни оваа година
АгровестиФондови

Николовски: Владата ја усвои Програмата за интервентен фонд, вкупно 250 милиони денари ќе се исплатат најдоцна до 30-ти јуни оваа година

Објавено 15/03/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата денеска ја усвои Програмата за интервентен фонд Ова е прв пат да се носи ваков интервентен фонд, со којшто  преку интервентни мерки им помагаме на земјоделците во оваа тешка состојба на економска криза со која се соочува целиот свет, да имаат помали трошоци а со тоа и одржливо производство.Со интервентниот фонд засега се предвидени 250 милиони денари за интервевтни мерки во растителното и сточарското производство, пари со кои ќе се придонесе за намалување на зголемените трошоци во овие гранки – изјави на прес конференција министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

За интервентни мерки во растителното производството се предвидени  120 милиони денари за субвенционирање на трошоците за ѓубрива. Според анализите поради регистрираниот пораст на цените на вештачките ѓубрива земјоделците ќе добијат поддршка  од 2.500 денари по хектар за направен трошок за набавени  вештачки ѓубриња и тоа во количина најмалку од 200 килограми по хектар.

-Оваа мерка е наменета за производителите на пченица и јачмен. Корисници на оваа подмерка се земјоделците кои во производната 2021/2022 година имаат засеани површини со пченица и јачмен. Услов за користење на оваа финансиска поддршка е  при поднесување на барањата за субвенцијата физичките лица да приложат фискална сметка со пропратен документ за идентификација за припадноста на фискалната сметка (сметкопотврда или испратница) каде е назначен видот на вештачкото ѓубре и количината изразена во килограми, а правните лица ќе треба да приложат фактура со испратница каде е назначен видот на вештачкото ѓубре и количината изразена во килограми вклучително и доказ за извршено плаќање по фактура односно уплатница или извод од банка – рече Николовски.

Во интервентниот фонд се предвидени и дополнителни средства за одгледувачите на јагниња и на свињи. Односно сточарите ќе добијат дополнителни 400 денари за предадено јагне во регистрирани кланици и 1.500 денари за предадени гоеници во регистрирани кланици.

За овие интервентни мерки, земјоделците ќе можат да аплицираат од 1-ви мај годинава, што значи во овој помалку од месец и пол период ќе можат да ја комплетираат потребната документација. Исплатата за мерките ќе биде најдоцна до 30-ти јуни оваа година.

-Во овој тежок период, Владата и министерството ги насочи сите ресурси и енергија кон справување со кризата, економска поддршка за граѓаните, за земјоделците, за бизнис секторот. Затоа и се донесе интервентниот фодн со кој придонесуваме за намалување на производствените трошоци што ги имаат земјодецлите поради покачени цени на репроматеријали, намалени откупни цени, а се со цел да можат да имаат  одржливо производство, но и да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови на финалните производи на пазарот. И во следниот период будно ќе ги следиме состојбите на пазарот и заеднички со сите чинители навреме ќе реагираме и ќе носиме соодветени мерки, за стабилно земјоделско производство, за стабилност на пазарот на храна – изјави Николовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:владаземјоделцикланицаЉупчомзшвсубвенции
Претходен напис РКЕ денеска ќе носи одлука за нови цени на нафтените деривати
Следен напис Од полноќ поевтинува дизелот и Екстра лесното масло, бензините остануваат со иста цена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?