Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна примената на антикризните мерки – Пониски цени на основните производи и на горивата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почна примената на антикризните мерки – Пониски цени на основните производи и на горивата
Агровести

Почна примената на антикризните мерки – Пониски цени на основните производи и на горивата

Објавено 12/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко, месото, оризот, јајцата, безоловниот бензин, дизелот, црвената нафта ќе се намалат како резултат на донесените мерки за намалување на ДДВ и акцизата, изјави денеска на прес-конференција во Владата министерот за финансии Фатмир Бесими.

Бесими апелираше граѓаните и стопанствениците да не веруваат во лажни вести, нагласувајќи дека сите мерки се преземаат навремено и нема дека нема простор за паника

Одлуките донесени од Владата, а вчера изгласани во Собранието денеска стапуваат во сила, а практичната реализација по однос на цената на гориватапочнува од утре, додека за прехранбените производи тоа ќе биде во наредните денови.

Бесими ја поздрави конструктивната расправа во Собранието и заедничкото носење на законите, кои се важни за економијата, стандардот на раѓаните и најранливите категории.

– Одлуките се веќе објавени во Службен весник, како што се и измените на законите. Со тоа се исполнети сите услови за овие одлуки да стапат во сила, изјави Бесими.

Тој нагласи дека законските измени предвидуваат механизми кои Владата ќе може да ги користи и во иднина доколку има потреба да се избегнат какви било шпекулации и ценовни шокови на граѓаните и стопанството.

Бесими ги наведе антикризните мерки кои ќе се применуваат.

– Стапката на ДДВ за основните производи за човечка исхрана е намалена од 5 на 0 проценти до крајот на мај. За да има позначаен ефект оваа мерка ќе се спроведува со паралелна наредба на замрзнување на маржите за некои производи. Повластената стапка од 5 проценти ДДВ за електрична енергија за домаќинствата се продолжува до крајот на 2022 година. Стапката на ДДВ при промет на енергенсите се намалува од 18 на 10 проценти. Се намалува акцизата на бензинот за 1 денар, дизелот за 2 денари и екстра лесното за 4 денари, посочи министерот за финансии.

Фискалната импликација за три месеци колку што траат мерките е околу 1,7 милијарди денари, додека за електричната енергија е вкупно 2,7 милијарди денари на годишно ниво.

– Донесовме мерки кои чинат околу 400 милиони евра за Буџетот. Сто милиони се откажување од приходи, а околу 400 милиони се директни расходи насочени кон кризата. Дел се предвидени, а за дел се прави пренамена. Ликвидноста на буџетот останува стабилна. Економскиот импакт од мерките се очекува да биде над 500 милиони евра, изјави Бесими.

Тој ги повика граѓаните и стопанствениците да бидат рационални во трошењето на енергенсите и да не подлегнуваат на шпекулации кои се на штета на личниот буџет, посочувајќи дека Владата е транспарентна и навремено информира за сите случувања.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:меркипониски цениФатмир Бесими
Претходен напис Бензините се намалуваат за 6,5 денари, дизелот за 9 денари
Следен напис Инвестирајте во сточарството преку ИПАРД 3 програмата – Изградба на фарми за говеда, свињи, овци, кози и живина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?