Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Усвоена е ИПАРД 3 програмата (2021 – 2027) – Достапни ќе бидат седум мерки, секој може да се пронајде за инвестирање во бизнисот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Усвоена е ИПАРД 3 програмата (2021 – 2027) – Достапни ќе бидат седум мерки, секој може да се пронајде за инвестирање во бизнисот
АгровестиФондови

Усвоена е ИПАРД 3 програмата (2021 – 2027) – Достапни ќе бидат седум мерки, секој може да се пронајде за инвестирање во бизнисот

Објавено 13/03/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со одлука на Европската комисија, усвоена е ИПАРД III програмата на Република Северна Македонија за периодот 2021-2027 година.

Инвестициите кои ќе бидат поддржани од ИПАРД III програмата се однесуваат на набавка на опрема и машини, изградба и реконструкција на објекти, рурален туризам и др. Крајната цел на овие инвестиции е, пред сè, постигнување европски стандарди во областа на хигиената, безбедноста на храната, благосостојбата на животните и заштитата на животната средина, зајакнување на земјоделците да пласираат производи на пазарот на ЕУ, како и подготовка за користење на европските фондови за домашните земјоделци и преработувачи да бидат достапни при пристапувањето во ЕУ.

Буџетот за оваа ИПАРД 3 се очекува да биде за 60 отсто поголем од ИПАРД 2.

Мерки кои ќе бидат поддржани од ИПАРД III програмата за периодот 2021 – 2027 година се :

Мерка 1: Инвестиции во физички средства на земјоделските стопанства;
Мерка 3: Инвестиции во физички средства поврзани со преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи;
Мерка 4: Агроеколошко-климатски мерки и мерки на органско производство;
Мерка 5: Имплементација на стратегии за локален рурален развој – LEADER пристап;
Мерка 6: Инвестиции во рурална јавна инфраструктура;
Мерка 7: Диверзификација на земјоделските стопанства и развој на бизнисот
Мерка 9: Технички и советодавни услуги во земјоделството.

Од искористувањето на фондот од ИПАРД 3 Програмата 2021-2027 за Република Северна
Македонија се очекуваат многубројни придобивки како на пример:


– подобрување на стандардот на земјоделците,

– подобрување на пазарната конкурентност и ефикасност,

-зголемување на вработеноста во руралните средини,

-подобрување на ветеринарните стандарди и унапредување и заштита на животната средина.

Новина во ИПАРД 3 ќе биде предфинансирањето на инвестициите. Конкретно, секој еден корисник, кој ќе аплицира ќе има можност да добие 30 до 50 отсто предфинансирање со самото склучување на договорот за проектот.

Новина е и тоа што како корисник на ИПАРД средствата ќе може да се јави т.н. здружено-правно лице за колективни инвестиции во примарно производство или преработувачка индустрија. Тоа може да се задруги, организација или група производители, правно лице формирано од повеќе индивидуални производители регистрирани во МЗШВ, како и правно лице формирано од здружение или асоцијација.

Во новата ИПАРД 3 има мерка и за Локалните акциски групи. Со мерката „Спроведување на стратегии за локален економски развој – ЛИДЕР пристап“ ќе се финансира работата на Локалните Акциски Групи (ЛАГ-ови) кои постојат во земјата, како и проекти од помал обем на ЛАГ-овите кои се дел од нивните стратегии за локален економски развој. Поддршката за функционирање на ЛАГ-вите е важна од аспект за развој на руралните средини. Исто така од големо значење се и мерките за органско производство, и за советодавни услуги во земјоделството.

Исто така со ИПАРД 3 Програмата ќе продолжат мерките за инвестиции во примарното земјоделско производство (мерка 1), преработка на земјоделски производи (мерка 3) и развој на различни деловни активности (мерка 7) во рурални средини како инвестиции за производство на прехранбени производи, текстил, преработка на дрво, дестилари, изградба на хотели, градинки, домови за стари лица и друго. За оваа намена, веќе во првиот повик од ИПАРД 3, обезбедени се над 35 милиони евра за потенцијалните корисници на ИПАРД 3, кој очекувам да се објави во последниот квартал од годинава.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:европска комисијаипард 3
Претходен напис Со ИПАРД 3 можност за аплицирање и на ОПШТИНИТЕ за изградба на локална патна инфраструктура, системи за водоснабдување, канализациони системи и слично
Следен напис Времето до четврток сончево и потопло, од петок дожд и снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?