Компаниите од агросекторот ги препознаваат придобивките од мерките од #ИПАРД програмата. Денеска ја посетив компанијата АСП-ПАК во Охрид, која се занимава со производство на заштитни мрежи за земјоделско производство и амбалажа за земјоделски производи на над 400 различни продукти.
Ме информираа дека заради проширување и зголемување на производството, планираат подготовка на проекти за да конкурираат за мерките од новата ИПАРД 3 програма.
Преку финансиска поддршка во инвестиции, и модернизација на производството, до уште една успешна ИПАРД прикзна.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

