Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сеење на млад компир – Посејте го во март, вадете го во јуни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Сеење на млад компир – Посејте го во март, вадете го во јуни
Растително производство

Сеење на млад компир – Посејте го во март, вадете го во јуни

Објавено 10/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ако сакате да одгледувате млади компири во чии вкусни клубени ќе уживате во текот на летото, сега е време да ги засеете. Младите компири се лесни за производство, а еве што треба да знаете за нивното сеење.

Кога се сее младиот компир?

Младите компири обично се сеат како клубени. Клубените се познати и како семенски компир и може да се сеат од рана пролет. Од клучно значење е да се уверите дека ризикот од мраз поминал пред да го засадите компирот, бидејќи тоа може да го загрози вашиот род.
Можете да сеете млади компири помеѓу март и април, иако тоа може да варира во зависност од температурата.

Како се сади младиот компир?

Пред садење на компирот, подгответе ја вашата градина и поставете ги оптималните услови за одгледување со додавање квалитетен компост во почвата. Можете исто така да додадете специјално ѓубриво за компири во почвата за да го поттикнете коренот.
Ископајте дупка длабока околу осум сантиметри каде што сакате да ги засадите компирите. Земете го семенскиот компир и исечете го на парчиња, внимавајќи секое парче да има најмалку два никулци. Ставете ги парчињата компири на растојание од околу 30 сантиметри, со ластарите свртени нагоре и покријте ги со слој земја – можеби сѐ уште се под нивото на земјата, но тоа е во ред.
Како што ќе растат ластарите на компирот, ќе додадете слоеви почва за да ги покриете ластарите, затоа не закопувајте ги компирите премногу длабоко во оваа фаза.

Кога се вади младиот компир?

Генерално, младиот компир е подготвен за берба околу 100 дена по сеидбата. Можете да забележите дали вашите компири се подготвени за берба кога ќе се отворат цветовите.
Тоа е обично во јуни или јули, за оние кои се засадени во март.

Корисни чекори за постигнување успешен род на компир:

-Исечете го компирот 6 до 10 дена пред саканиот датум на садење; проверете дали секој семенски компир содржи најмалку 1 никулец (мали израстоци)

-Чувајте го сеченото семе од компир на ладно, темно место со добар проток на воздух.

-Погрижете се почвата да е растресита, компирите не сакаат тврда почва.

-Приближно 60 дена по садењето, ќе почнат да се формираат клубени (незрели компири). Ако јуни е топол, одржувајте ја почвата влажна. Влажната почва ќе помогне во развојот клубените да останат ладни

Најголем непријател на младиот компир – компирова златица

Компировата златица е дефинитивно еден од најголемите штетници на компирот. Во борбата против неа има голем број препарати, како на хемиска така и на природна основа.

Покрај компировата златица, компирот го напаѓа и:

Пламеница
Црни дамкавост на компирот
Вирус на виткање на листовите
Вирус на мозаик

Заштитни мерки

употреба на здрави семиња и саден материјал
плодоред
одгледување на отпорни сорти
примена на фунгициди
отстранување на заразените растенија

Извор: agromedia.rs

Може да ви се допадне

Како до успешно производство на компир
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:компир
Претходен напис Методи за заштита на овоштарниците од доцен мраз
Следен напис Николовска: Поддршка на земјоделците од Липково за поголема искористеност на ИПАРД и други мерки на Владата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?