Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во дигиталново време во кое живееме, секој млад сточар треба да научи да ги користи дигиталните алатки, со што ќе си го олесни процесот на креирање на успешна приказна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во дигиталново време во кое живееме, секој млад сточар треба да научи да ги користи дигиталните алатки, со што ќе си го олесни процесот на креирање на успешна приказна
Агровести

Во дигиталново време во кое живееме, секој млад сточар треба да научи да ги користи дигиталните алатки, со што ќе си го олесни процесот на креирање на успешна приказна

Објавено 07/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во организација на здружението „Млад Сточар“ се одржа првата од низата панел дискусии на тема младите сточари производители во современата трговија, во која земаа учество Сања Митровска, Виктор Стојкоски, Теодора Бошкова, Иван Дургутов како и младите фармери секогаш спремни со интересни прашања. На дискусијата можеа да се слушнат одлични пораки како да се стигне од млад фармер до претприемач.

За да се започне од нула потребно е да се стане претприемач. Таргетирањето на пазарот на почетокот е клучот на успехот. Во целиот процес само со креативноста и упорноста се остава свој печат по кој производот е препознатлив. Со брзи чекори, но полека, без страв од растење, се станува успешен претприемач. Во ова дигитално време во кое живееме неопходно е секој млад сточар да се приклучи во процесот, да научи да ги користи дигитални алатки, со што ќе си го олесни процесот на креирање на успешна приказна. Маркетингот не е луксуз, напротив со него најлесно се стигнува до таргетираната целна група потрошувачи. Одејќи чекор напред овде е и е-трговијата, во која што за жал сточарството сѐ уште не си го има пронајдено своето место иако изобилува со простор и алатки за полесна продажба на готов млечен производ. Преку креативноста го постигнуваме ефектот на додадена вредност на производот, со што се истакнуваме и издвојуваме на пазарот според потребите на таргетираните потрошувачи. Огромниот број на финансиски фондови, кои досега остануваа неискористени токму поради немањето на вакви иницијативи за развој и едукација на сточарството, па и земјоделството општо, се одлична основа за почеток на целиот овој процес.

May be an image of 4 people, people sitting, people standing and indoor

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:млад сточар
Претходен напис Во февруари минималната синдикална кошничка 36.146 денари
Следен напис Следува облачно и студено време, со температури под просекот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?