Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФАО: Цените на храната во февруари зголемени за речиси една четвртина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФАО: Цените на храната во февруари зголемени за речиси една четвртина
Агровести

ФАО: Цените на храната во февруари зголемени за речиси една четвртина

Објавено 07/03/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Индексот на цените на кошничката за храна на ФАО се зголеми за 3,9 отсто од неговата ревизија во јануари на просечни 140,7 поени, што е највисоко откако агенцијата на ОН почна да објавува извештаи.

Светските цени на храната се зголемија за 24,1 отсто во февруари во однос на истиот месец минатата година, достигнувајќи го највисокото ниво од следењето на податоците од ФАО, поттикнати од повисоките цени на растителните масла и млекото и млечните производи.

Индексот на цените на кошничката за храна на ФАО се зголеми за 3,9 отсто од неговата ревизија во јануари на просечни 140,7 поени, што е највисоко откако агенцијата на ОН почна да објавува извештаи. Порасна за 24,1 отсто во однос на февруари минатата година, според извештајот на ФАО.

Цените на растителното масло пораснаа најмногу во февруари, за 8,5 отсто во споредба со јануари.

ФАО го нагласува стравот од нарушување на извозот на сончогледово масло од регионот на Црното Море по рускиот напад на Украина, која заедно со Русија сочинуваат околу 80 отсто од светскиот извозен пазар.

Цените на житарките се зголемија за 3,0 отсто на месечна основа, како одраз на скокот на цените на пченката од 5,1 отсто и порастот на цените на пченицата за 2,1 отсто, поттикнати од несигурните залихи низ пристаништата на Црното Море.

Податоците за февруари беа главно собрани пред руската инвазија на Украина, а аналитичарите предупредуваат дека продолжениот конфликт може да има силно влијание врз извозот на жито.

Индексот на цените на млечните производи на ФАО се зголеми за 6,4 отсто во однос на јануари, поддржан од скудната глобална понуда и индексот што покажува движења на цените на месото за 1,1 отсто.

Само шеќерот падна за 1,9 отсто од јануари, делумно благодарение на поволните производствени изгледи кај главните извозници во Индија и Тајланд.

Повисоките цени на храната придонесоа за поширок пораст на инфлацијата бидејќи економиите закрепнуваат од кризата со коронавирус, а ФАО предупреди дека повисоките трошоци се закануваат на посиромашното население во земјите кои се потпираат на увоз.

Во посебен извештај за понудата и побарувачката на пазарите за жито, ФАО проценува дека производството на пченица ќе порасне за 1,9 отсто оваа година, на 790 милиони тони, благодарение на очекуваните подобри приноси и повеќе засеани површини во Канада, САД и Азија.

Сепак, тие предупредија дека нејзините проекции не го земаат предвид можното влијание на конфликтот меѓу Русија и Украина.

Производството на пченка во Аргентина и Бразил треба да биде натпросечно, особено во Бразил каде што се очекуваат рекордни 112 милиони тони.

Потрошувачка на житарки во сезоната 2022/2023. треба да се зголеми за 1,5 отсто, на 2,8 милијарди тони.

Залихите на крајот на сезоната оваа година би требало да изнесуваат 836,8 милиони тони, што ја зголеми проценката на ФАО од февруари за 1,4 отсто.

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Таг:храна
Претходен напис Интернетот корисна алатка која делчевските земјоделци ја користат за подобар пласман на производите
Следен напис Презентација на анализа за можностите за остварување на правото на боледување на регистрираните земјоделци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?