Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ воведува целосна забрана за увоз на клучните ѓубрива од Белорусија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ воведува целосна забрана за увоз на клучните ѓубрива од Белорусија
Агровести

ЕУ воведува целосна забрана за увоз на клучните ѓубрива од Белорусија

Објавено 04/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ЕУ го забрани увозот на поташа од Белорусија, важно ѓубриво кое во голема мера е дефицитарно во Европа, а Белорусија е негов главен извозник, како и на суровината за тоа производство. Ваквиот потег врши дополнителен притисок врз земјоделскиот сектор, кој веќе се бори со зголемувањето на цените на инпутите.

На 2 март, лидерите на ЕУ одобрија нов пакет санкции насочени кон Белорусија поради поддршката на Русија во нејзиниот воен напад врз Украина, пренесува Euractiv.

Рестриктивните мерки за забрана на увоз на поташа (калиум хлорид) од Белорусија беа воведени во јуни, по принудното слетување на авион на Рајанер во Минск и затворањето на опозицискиот активист Роман Протасевич.

„Ние значително ги прошируваме постоечките забрани за увоз. Се проценува дека мерките усвоени во јуни ќе исклучат од трговијата со ЕУ приближно 20 отсто од поташата ископана во Белорусија. Сега 100 отсто од целиот калиум хлорид е предмет на ограничувања на увозот“, порача службеник на ЕУ.

Краток период на прилагодување

За европските производители на ѓубрива останува краток период на прилагодување од три месеци. За тоа време им е дозволено да ги извршуваат постојните договори потпишани пред да биде усвоена забраната, бидејќи потоа веќе нема да може да се тргува.

Најголемиот европски производител во овој сектор, Yara, во јануари објави дека ќе го прекине купувањето од Белорусија.

Другите главни компоненти на азотни и фосфатни ѓубрива не се вклучени во списокот со санкции, но јунскиот пакет веќе забрани одредени мешавини како што се минералните хемиски ѓубрива што ги содржат сите три минерали, како и мешавините што содржат само фосфор и калиум.

Се очекува зголемување на цените

На Европската Унија во голема мера и недостасува поташа, со само 6 отсто удел во светското производство на оваа суровина. Нејзиниот увоз во 2020 година изнесувал 2,4 милиони тони, а уделот на увозот изнесувал 85 проценти од вкупната потрошувачка на ЕУ, покажуваат податоците обезбедени од EU FertilizersEurope.

Здружението на земјоделци COPA COGECA соопштило дека е тешко во оваа фаза да се имаат точни информации за потенцијалното влијание на забраната врз цените поради структурата на пазарот. Наведуваат дека очекуваат поскапувања и пореметувања на пазарот, бидејќи состојбата е тензична.

Канада е уште еден значаен извозник на оваа суровина и ѓубриво, но увозот од оваа земја е прескап.

Јануш Војчеховски, европскиот комесар за земјоделство, по состанокот со министрите за земјоделство на ЕУ-27 рече: „Гледаме драстична промена во ситуацијата, вклучително и во секторот за ѓубрива. Нема увоз или можности за тоа. Понатамошните одлуки ќе бидат објавени на 8 март.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:поташа
Претходен напис Хрватска: Треба брзо да се изградат повеќе складишта – можно ли е да останеме без жито?!
Следен напис Николовски: Дополнителна мерка од 1500 денари по грло за гоеници над 90 килограми, нова субвенција од 3.000 денари по маторица за категоризирани фарми
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?