Ако до пред две недели во пелагониската житница почетокот на првата прихрана доцнеше поради високото ниво на подземните води по последниве пообилни врнежи од дожд и снег до израз доаѓаат и надземните води. Земјоделците велат со првата прихрана се доцни еден месец а штетите по развојот на посевите стануваат видливи.
Последниов влажен бран од дожд и снег дополнително ги усложнува состојбите во најголемата житница. Ако до пред две недели постоеше надеж дека почвата малку ќе се исцеди и барем рачно ќе се изврши првата прихрана, сега отпаѓа и таа можност.
Земјоделците велат нивото на подземните води беше високо, но сега водата на многу површини е и над земјата. Штетите по пченицата стануваат видливи бидејќи првата прихрана доцни еден месец, а посевите се наоѓаат во период на братење од кој зависи и идниот развој на посевите.
Пченицата и јачменот се осетливи на преголемата влага. Најголеми штети велат ќе има на парцелите каде што се формирани таканаречените водни огледала, велат земјоделците.
Пелагонискиот земјоделец вели понатаму сѐ е во рацете на временските прилики. И во вакви услови потребни се најмалку 15-наесетина дена без никакви врнежи за да може да се влезе во нивите.
Извор: МРТ
