„Ми беше чест што денеска се сретнав со амбасадорката на САД, Кејт Брнз.
На средбата ја изразив мојата благодарност за поддршката што САД во континуитет ја дава на нашата земја. Со посветено партнерство продолжуваме во унапредување на секторот земјоделство. Успехот на заедничкиот проект за поддршка на млекопроизводството во кои процесот на производство го унапредија повеќе од 200 млекопроизводители и откупувачи е најава за интезивирање на соработката во следниот период.
Дополнително ќе работиме на размена на искуства во делот на нови технологии, мерки за рурален развој, дигитално земјоделство и одржлив развој. Ги продлабочуваме односите и во иднина, во полза на земјоделците и земјоделството како гранка“, напиша министерот Николовски.


