Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бектеши апелира да се внимава при информирањето за цените: Не е време за шпекулации и манипулации
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бектеши апелира да се внимава при информирањето за цените: Не е време за шпекулации и манипулации
Агровести

Бектеши апелира да се внимава при информирањето за цените: Не е време за шпекулации и манипулации

Објавено 01/03/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Белиот леб не е поскапен во сите маркети, кај некои цената е 25 и 27 денари, рече министерот за економија Крешник Бектеши и уште еднаш апелира да не се крева паника меѓу граѓаните зашто ценовни шокови нема да има. Бектеши очекува благо намалување на цените на основните производи, согласно Одлуката за трговските маржи кој од денеска стапи во сила, но засега е важно, подвлече, и дека нема поскапувања. Министерот е дециден дека недостиг на храна нема да има никако, ниту ќе се дозволат какви било манипулации со цените за товарот од кризата да падне на грбот на граѓаните.

-Важно е дека нема зголемување на цените како што објавија некои медиуми вчера и завчера, без да ги имаат влезните податоци и пред да се применува мерката. Може да проверите по супермаркети. Убеден сум дека, како со овошјето и зеленчукот чија цена е намалена, така ќе се случи и со другите производи. Инспекторатот е на терен, очекуваме благо намалување на цените како што е предвидено со Одлуката – напомена Бектеши.

Тој апелира и да се води сметка како медиумите ја информираат јавноста зашто сега не е време, нагласи, за шпекулации и манипулации.

-Да бидеме внимателни, посебно во делот како ја известуваме јавноста. Затоа, конкретно да зборуваме. Кажете во кои маркети и кој леб е поскапен за пет денари, а јас точно и транспарентно ќе ви одговорам за секој вид леб и во кој маркет. Можам да ви давам и фискални сметки од маркети каде што лебот е 25 и 27 денари – рече Бектеши на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања.

Според него, има информации дека одредени производители ги зголемиле цените на лебот, но тие главно се движат од 25 до 30 денари.

-Тоа граѓаните може да го забележат и да одлучат каде ќе купуваат. Секако ние нема да дозволиме тоа да трае. Денеска е само првиот ден, во наредните денови сите производи ќе се вратат на цените согласно Одлуката за маржи. Нема да дозволиме да има шпекулации и манипулации – потенцира министерот.

Бектеши информира и дека причината за празнењето на некои маркети викендов, било повлекувањето на производите од страна на самите трговци.

-Немало паника од страна на граѓаните. Утврдено е дека некои од трговците сами ги повлекле залихите за денеска повторно да ги вратат назад со нови цени. Тоа е целосно утврдено од надлежните институции и нема да дозволиме да се случи. Не е време за манипулации и шпекулации – рече Бектеши и нагласи дека тие трговци што мислат дека на таков начин можат да манипулираат со институциите и потрошувачите ќе бидат санкционирани и дополнително контролирани.

Според него, Државниот инспекторат е на терен и постојано врши контроли, посебно во трговијата на мало каде што е утврдено дека претходно имало големи маржи, што било причина за поскапувања. Во делот на месото, укажа министерот, забележано е дека има мало поскапување зашто се прикажува дека е преработено дома, а не како свежо месо од увоз.

-И тие ќе бидат контролирани, како е увезено месото и ќе се вратат во рамки на Одлуката. Сакаат манипулативно да прикажат дека е преработено тука, па се зголемени трошоците за преработка и производство за да утврдат друга цена. Тоа веќе е направено како контрола и е утврдено вчера и завчера. дадена е насока да се вратат цените во рамки на Одлуката – подвлече Бектеши, пренесува МИА.

Може да ви се допадне

До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Во јуни годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и 13,1% на вкупната кредитна поддршка
Дивиот приклучок не се наоѓал во санитарните зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата
Таг:леб
Претходен напис Малишиќ: Граѓаните да не креваат паника, пченица и брашно ќе има
Следен напис Времето денеска променливо облачно и студено
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?