Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: СИТЕЛ: Земјоделците стравуваат за пласманот на раноградинарските производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > СИТЕЛ: Земјоделците стравуваат за пласманот на раноградинарските производи
АгровестиПазари

СИТЕЛ: Земјоделците стравуваат за пласманот на раноградинарските производи

Објавено 27/02/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Руско украинската криза ги стави во неизвесност и земјоделците и откупувачите. Стравуваат дека случувањата таму може сериозно да се одразат врз  пласманот на раноградинарските производи. Најзагрижени се за пролетната зелка  од која околу 40 проценти секоја година завршуваат на украинскиот пазар. Договори за пласман имало и годинава, но неизвесно е дали и во која мерка тие ќе се реализираат бидејќи неколку пратки  веќе биле стопирани.

„Во моментот млада зелка кај нас има многу слаби количини, меѓутоа ние товариме млада зелка за украинскиот пазар од Албанија.Пред десет дена точно цената таму нето утоварена на камион ја товаревме некаде на 72, 73 центи. Денеска истата се нуди под 60 центи и веќе неколку пратки кои требаше да заминат во моментот се стопирани затоа што горе продажбата е драстично намалена“,вели Блажо Витанов, откупувач.

Според трговците Украина  не бил значајна само за пласманот, туку и за цената. Секоја година токму украинскиот пазар ја диктирал нејзината висина и држел повисока цека во однос на другите пазари.

„Украинскиот пазар ја држеше цената секогаш на почетокот и плаќаше повисоки цени за разлика од останатите наши купувачи од сите други земји. Не сакам да бидам песимист никако, дај Боже ситуацијата горе да се смири па да имаме некоја ситуација каде што непречено да може да носиме и кога ќе почне извозот на нашата зелка да не се рефлектира тука со ниски цени па да не знаеме каде со толкави количини ќе го тераме извозот“ вели Витанов.

Случувањата во Украина со загриженост ги следат и земјоделците. Од сојузот синдикат на земјоделски производители се надеваат дека состојбата ќе се стабилизира, во спротивно велат неопходни ќе бидат нови пазари.

„Се уште не е почната ефективната берба на поголемите количини на земјоделски производи, пред се тука станува збор за зелката како прв производ, мислам треба тој временски период да се искористи и лека полека да се наоѓаат соодветни решенија односно барање на други пазари. Во спротивно мислам дека штетите ќе бидат не големи, огромни пред се кај нашиот земјоделски производител и ќе повторам дека никогаш до сега производствената цена на нашите земјоделски производи не била со толку високи цени“, вели Ристо Велков – Сојуз синдикат на земјоделски производители Василево.

Бербата на првите количини на пролетната зелка се очекува да започне за околу дваесетина дена.

Извор – СИТЕЛ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:мзшвпламанУкраина
Претходен напис Во вторник во Валандово прва трибина за Договорно производство на органска пиперка – сезона 2022, ве очекуваме!
Следен напис Сојуз на земјоделски здруженија: Без повисоки цени, ќе се уништи тутунопроизводството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?