Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кичевските фармери бараат повисока откупна цена на млекото
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кичевските фармери бараат повисока откупна цена на млекото
Агровести

Кичевските фармери бараат повисока откупна цена на млекото

Објавено 25/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Покачувањето на цените, се реперкуира и врз фармерите, чие производството на млеко и млечни производи од ден на ден ги чини се повеќе и повеќе, а откупната цена за нивното млеко е во повеќемесечно мирување, потврдуваат тие. Фармерите очекуваат нештата наскоро да се променат.

– Во однос на многу други гранки, ние фармерите производители на млеко и млечни производи, од ден на ден сме во сѐ потешка и потешка ситуација, бидејќи млекото што го добиваме од кравите е со непроменета цена досега, а во исто време поскапе концентратот од 16 на 29 денари, кабастата храна, струјата, горивата и сè друго што ни е неопходно за да го произведеме млекото – рече фармерот Енвер Алими, кој направи споредба на цената на млекото со онаа на минералната вода.

– Ќе направам една споредба на литар млеко што ние го продаваме во откупните центри чини само 18 денари, колку што чини и литар минерална вода. Се прашуваме дали млекото сепак не чини нешто повеќе пари во однос на амбалажираната вода, за чие производство трошоците се далеку помали – вели Алими.

Тој е сопственик на фарма со стотина високо млечни крави, кој очекува наскоро цените на откупеното млеко да се покачат, а тие да застанат на здрави нозе и да продолжат да работат профитабилно.

– Со оглед на фактот што нашиот производ се продаваше и сè уште се продава по иста цена, а сè друго што се импутираше во нашиот производ поскапе, за очекување е и цената на млекото да биде повисока и да ја следи економската логика. Ние само на тој начин ќе работиме доходовно и ќе ја развиваме оваа гранка како во претходните неколку години. Не можеме ние со истите цени на млекото да бидеме чувари на стандардот на населението, бидејќи нашата рентабилност е доведена во прашање – додаде фармерот и потсети дека од државата очекува наскоро да добие и 15 крави молзници, со што ќе ја зголеми бројноста на млечни крави и се разбира количеството на предадено млеко.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени откога ќе одобри Обвинителството
Таг:фаррмери
Претходен напис Николовски: Ги зајакнуваме капацитетите за програмирање и користење на ИПА фондовите и другите донатори за подобра алокација на средствата, од кои најголем бенефит ќе имаат земјоделците
Следен напис Институциите посветени на Отворен Балкан, се отстрануваат бариерите за слободен проток меѓу граѓаните и компаниите од регионот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?