Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пазарот е преплавен со увезено свинско месо
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Пазарот е преплавен со увезено свинско месо
Сточарско производство

Пазарот е преплавен со увезено свинско месо

Објавено 23/02/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За да се спаси домашното квалитетно производство на свежо свинско месо, производителите бараат привремена забрана на увоз на замрзнато месо за трговија, како и увоз на мали прасиња.

Додека другите цени растат, цените на свинското месо се намалуваат. Само во последната недела тие се намалени за 10 денари, така што во една продавница свинската плешка се продаваше по 279 денари за килограм, свинскиот бут за 289 денари, а кременадлите за 239 денари по килограм, пишува Слободен печат.

Ниските цени се добредојдени за граѓаните, но производителите на свинско месо велат дека таквите цени се должат на огромниот увоз на замрзнато свинско месо, кое е субвенционирано од земјите од каде што доаѓа. Напливот на замрзнато месо, пак, довел до тоа цената на домашното свежо месо од почетокот на ноември до сега да се намали за 20 проценти, тврди најискусниот производител на свинско месо Перо Колевски, сопственик на компанијата „Агриа“.

– Производителите на свинско месо се наоѓаат во најтешкиот момент во последните 30-40 години. Свињарството е единствената гранка во државата што обезбедува целосна покриеност на домашниот пазар со некој прехранбен производ. Во оваа гранка и многу се вложуваше и навистина направивме еден одличен европски модел за производство на квалитетно свинско месо. Ние имаме контролиран процес од самиот почеток на производството, снабдување со домашна сточна храна, сè до кланица. Она што сега мора да се направи е да им се помогне на производителите, затоа што кога една фарма ќе стави клуч на врата, таа тешко пак се обновува – вели Перо Колевски, сопственик на компанијата „Агриа“, во разговорот за „Слободен печат“.

Тој објаснува дека на европскиот пазар се јавил вишок свинско месо, а тоа како замрзнато се извезува во „трети земји“ каде што и ние припаѓаме.

– Рускиот пазар на свинско месо е затворен уште од 2014 година. Тие во последните 5 години си направија 50 милиони свински фарми, со што се сосема независни во однос на покривањето на своите потреби. Сега имаме состојба на затворање и на кинескиот пазар, така што складиштата во Шпанија, Данска и во другите големи производители на свинско месо се преполни и тоа месо во замрзната форма доаѓа кај нас. Потоа, на циркулар се сечат бутовите од по 15 килограми и се пакуваат по 1 килограм и такво поевтино месо има насекаде, а се продава и за рестораните – вели Колевски.

Колевски вели дека сега, додека домашните производители на свинско месо одвај преживуваат, трговците со оглед на ниските цени на европското свинско месо, ќаруваат на големи маржи. Тој алармира дека е неопходно државата да забрани увоз на свинско замрзнато месо за трговијата во наредните 6 месеци.

– За да се спаси сега домашното производство, да ја пребродиме оваа состојба, бараме времени мерки, како што е забраната за увоз на свинско месо за трговијата. Исто така, бараме и времена забрана за увоз на мали прасиња. Кај нас и за увоз на мали прасиња се добива субвенција и за она прасе што ние ќе го одгледаме од мајка – објаснува Колевски.

Целата гранка свињарство годишно добива по 2 милиони евра субвенции. Колевски смета дека тоа е многу малку во однос на вкупните годишни субвенции од 200 милиони евра.

Во однос на јунешкото месо, Колевски објаснува дека сме целосно зависни од увозот и од цените што таму се диктираат и дека никогаш како сега тој сооднос во нашите продавници не бил таков каков што е сега – 2,2 килограми свинско месо да чинат како 1 килограм јунешко.

Може да ви се допадне

Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Кои раси се најчувствителни на маститис кај млечните крави?
Таг:свинско месо
Претходен напис Вицепремиерот Битиќи ја отвори бизнис-конференцијата на Експо Дубаи со порака дека Владата во бизнис-секторот и во инвеститорите гледа партнери за поддршка на развојот на економијата
Следен напис Изгласан законот за минимална плата од 18 000 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?