Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЈАВЕН ПОВИК за доставување на барање за користење на средства за реализација на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЈАВЕН ПОВИК за доставување на барање за користење на средства за реализација на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година
Агровести

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на барање за користење на средства за реализација на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година

Објавено 18/02/2022
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ЈАВЕН ПОВИК

за доставување на барање за користење на средства за реализација на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година

I. ПРЕДМЕТ

Предмет на овој јавен повик е реализација на средствата утврдени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 287/21) раздел 140.01 – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, програма 3 – Земјоделство и рурален развој, потпрограма 30 Земјоделство, ставка 489 – Капитални субвенции за претпријатија и невладини организации во износ од 24.000.000,00 денари чии средства ќе се користат за субвенционирање на проекти кои имаат за цел подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност.

II. ПРАВО НА УЧЕСТВO

Право на учество на јавниот повик имаат центрите за развој на планските региони на територијата на Република Северна Македонија, регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој.

III. УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ

За докажување на условите кои треба да се исполнат за учество на јавниот повик, понудувачите задолжително треба да ја достават следната документација:

-Барање за финансирање на проекти кои се опфатени со оваа програма;
-Предлог-проект со детална анализа;
-Финансиски план и рок на имплементација на проектот;
-Доколку планскиот регион има повеќе предлог-проекти, тие треба да се означат со -редослед за приоритет на финансирање, и
-Тековна состојба на барателот од Централен регистар на Република Северна Македонија;

IV. РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕ

Крајниот рок на доставување на барањето е најдоцна до 28 Февруари 2022 година. Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

V. ИЗНОС НА СРЕДСТВА И ОДОБРУВАЊЕ НА БАРАЊА

Максималниот износ на средства предвиден за дел на овој јавен повик изнесува 6.500.000,00 (шест милиони и петстотини илјади) денари од вредноста на прифатливите трошоци за проектот по корисник и тоа: трошоци за изведба и надзор на проекти кои ќе имаат за цел подобрување на патната инфраструктура во подрачјата со земјоделска дејност и обработливи површини. По завршување на проектот, до Министерството, задолжително се доставува комплетен финансиски извештај и наративен извештај за реализираните средства за имплементација на проектот, најдоцна 15 дена по крајниот рок за имплементација на проектот.

VI. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО

Барањето од Дел I на овој јавен повик се доставува во пополнет образец БАРАЊЕ за финансирање на проекти од областа на земјоделството и руралниот развој, кое се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на субјектот. Воедно, еден корисник може да поднесе само едно барање за користење на средствата од оваа програма. Барањето со документацијата се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта трети број 2, 1000 Скопје, или со предавање во архивата на министерството секој работен ден 9.00 до 15.00 часот. На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува “НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „за јавен повик за доставување на барање за користење на средства за реализација на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година. Понудите кои нема да ги содржат бараните податоци на овој јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат. Барањето за финансирање на проекти од областа на земјоделството и руралниот развој може да се обезбеди преку интернет страната на министерството :www.mzsv.gov.mk. тел: ++ 389 2 З 144 477

VII. ПОСТАПКА И ОДОБРУВАЊЕ

Постапката за избор со предлогот за одобрување на барањето ја спроведува комисија формирана од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Постапката за избор ќе се спроведе и доколку на повикот има доставено само едно барање за реализација на средствата од Програмата за капитални трансфери за невладини организации од областа на земјоделството и руралниот развој. Барателите кои не доставиле уредна и комплетна документација нема да бидат утврдени во Листата на баратели. По извршениот избор на баратели кои ќе бидат финансирани од оваа Програма, истите ќе бидат известени по писмен пат за денот на потпишување на Договор за финансирање кој ќе се склучи помеѓу корисникот на средствата и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Документи за преземање:

Програма за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022

Барање за финансирање на проекти од земјоделството и руралниот развој

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:мзшв
Претходен напис Како правилно да се изреже јаболкницата?
Следен напис Штипјани и денеска да не ја користат водата за пиење и готвење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?