Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Птичји грип: Одгледувачите во Европа и САД ги бројат загубите, вознемирувачки глетки доаѓаат од Шпанија, алармантна состојба во Германија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Птичји грип: Одгледувачите во Европа и САД ги бројат загубите, вознемирувачки глетки доаѓаат од Шпанија, алармантна состојба во Германија
Агровести

Птичји грип: Одгледувачите во Европа и САД ги бројат загубите, вознемирувачки глетки доаѓаат од Шпанија, алармантна состојба во Германија

Објавено 15/02/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вирусот на птичји грип се шири во големи размери. Секојдневно се откриваат нови инфекции, затворени се многу фарми и еутанизирана живина.

Најновите вести доаѓаат од Шпанија, каде што беа убиени повеќе од 130.000 кокошки на фарма за интензивно одгледување во северниот регион Кастиља и Леон. Живината била натоварена со багер во камион со отворен покрив и однесена на место за спалување надвор од фармата, објави во петокот шпански Гринпис, пренесува Агроклуб.

Ситуацијата во Европа

Во првата половина на февруари 2022 година, вирусот беше пријавен во 11 европски земји според податоците на Светската организација за здравје на животните (ОИЕ), а моменталниот број на зафатени земји оваа сезона е 30.

Вирусот е откриен во Холандија на фарма за несилки каде што се усмртени 6.000 кокошки. Досега загубите во оваа земја изнесуваат над 1,2 милиони единки. Австрија не пријавила епидемија на Х5Н1 кај домашните животни, но таму се пронајдени три случаи на мртви диви лебеди. Минатата недела, Белгија забележа случаи на птичји грип кај диви птици – гуски и евроазиски гулаби.

Бугарската комерцијална фарма морала да изврши еутаназија на 4.000 единки, а досега нема случаи на диви птици. Случај на овој вирус кај лебедите е забележан во Хелсинки, главниот град на Финска. Како мерка на претпазливост, сите фарми во близина се затворени додека не се завршат лабораториските испитувања.

Унгарија не пријави ниту еден случај на домашна живина, но забележани се пет случаи кај диви птици: лебед, евроазиска страчка, касписки галеби и гуски. И Романија исто така известува за појава на птичји грип кај диви птици.

Во Хрватска, во средината на јануари беше пријавен случај на имот во Осијечко-барањската жупанија, на истокот на земјата.

Најголем број заразени единки забележа Германија. Според проценката на ризикот на Баварската државна канцеларија за здравје и безбедност на храна (LGL) и Институтот Фридрих Лофлер (FLI), птичјиот грип се појавил низ целата земја. Наодите на бројни диви птици зафатени од оваа инфекција покажуваат дека состојбата е алармантна. Покрај фармите и дивиот свет, инфекцијата е забележана и во зоолошките градини и засолништата за птици.

Паника и во САД

Американските производители на живина, исто така, ги заоструваат безбедносните мерки за нивните јата, бидејќи експертите предупредуваат дека дивите птици веројатно ќе шират многу смртоносна форма на болеста низ целата земја, пренесува Ројтерс.

Сојузната држава Индијана извести за појава на високопатоген птичји грип на комерцијална фарма за мисирки, што ги натера Кина, Јужна Кореја и Мексико да забранат увоз на живина од таа држава.

Разорната епидемија на болеста во средниот запад на САД во 2015 година уби речиси 50 милиони единки, главно мисирки и кокошки-несилки. Според американската влада, Соединетите Држави се најголемиот светски производител и втор најголем извозник на месо од живина.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:птиќји грипПтичји грип
Претходен напис Глобалните цени на суровините и храната растат со најбрзо темпо во последниве 27 години
Следен напис Општина Кавадарци: Земјоделците да внимаваат при горење на отпадот од нивите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?