Премиерот Ковачевски и министерот Николовски од Демир Капија, порачаа дека поддршката и грижата за оваа стратешка извозно оринетирана гранка продолжува.
„Континуирано расте количината на извезно вино од нашата земја, минатата година достигна вредност од 49 милиони евра. Досегашните мерки се видливи, даваат позитивни резултати и претставуваат дополнителна мотивација.
Преку Програмата за рурален развој обезбедивме финансиска поддршка на саемските манифестации кои што се важни за промоција на македонските вина и инвестициски мерки за модернизирање на производството.
Со олеснување на административните процедури ги мотивираме лозарите и винарниците да ги користат мерките од ИПАРД програмата.
Продолжуваме да бидеме верен партнер на лозарите и винарниците, со ефективни мерки и политики стимулираме подигање на нови лозови насади, го зголемуваме производство на грозје и вино, отвараме нови пласмани и освојуваме нови пазари.“, напиша министерот Николовски на Фејсбук.



