Владата на Србија на вчерашната седница усвои уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати.
Малопродажната цена на нафтените деривати Еуро дизел и Евро премиум БМБ 95 ќе изнесува 179 (околу 93 денари), односно 171 динар за литар (околу 90 денари). (1 динар – 0,52 денари)
Како што беше соопштено, членовите на владата ја донесоа уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати со цел да се спречи поголемо нарушување и да се зачува животниот стандард на населението, бидејќи во претходниот период цените се зголемија, што директно ги зголеми цените на сите други стоки и услуги.
