Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Германија ја зголемува староста на телињата за транспорт – Колку со тоа се зголемуваат трошоците?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Германија ја зголемува староста на телињата за транспорт – Колку со тоа се зголемуваат трошоците?
Агровести

Германија ја зголемува староста на телињата за транспорт – Колку со тоа се зголемуваат трошоците?

Објавено 11/02/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Огромен предизвик за земјоделските производители во Германија ќе биде зголемувањето на возраста на телињата за транспорт. Значи, од 1 јануари 2023 година ќе се помести од 14 на 28 дена.

Повеќето прашања се за тоа со какви дополнителни финансиски и деловни последици ќе се соочат сточарите.

Измените во законските прописи за одгледување, усогласување на благосостојбата на животните и нивната заштита, барањата кон фармите, компаниите и организацијата на работата, се темите за кои се разговара деновиве во Германија.

Нови трошоци за сточарите

Сточарите во иднина ќе мора да имаат нови инвестиции, а со тоа и поголеми трошоци, за да обезбедат дополнителни места за телињата. Тоа ќе значи зголемена побарувачка за работна сила, зголемени трошоци за сместување, храна, дополнителни додатоци и ветеринарен надзор, наведува Агрархеуте.

Стопанската комора на Долна Саксонија пресметала дека за тие 14 дена чување дополнителните трошоци може да изнесуваат од 50 до 70 евра по теле. За некои фарми тоа ќе значи зголемување на капацитетот за складирање, слама и ѓубриво. Ќе бидат потребни дополнителни замени за млеко, друга храна, вода и енергија.

Ќе треба да се посвети големо внимание на договорот меѓу одгледувачите и трговците поради спроведување на неопходните одгледувачки активности како што се вакцинација, отстранување на роговите од грлата наменети за гоење и друго.

Посебен проблем ќе биде како да се обезбеди дополнителен простор за телињата постари од 14 дена, бидејќи сега не се дозволени боксови со димензии 1,20 x 0,80 м. Се поставува прашање дали телињата ќе се чуваат надвор од боксовите во групи.

Што е дозволено во транспортот и што нѐ чека во иднина?

Треба да се напомене дека во Германија важи забраната за превоз на телиња до 28 дена старост, а исклучок е направен за сточарите за да можат да ги превезуваат оние од сопственото одгледување во радиус од 50 километри. Тоа важи и кога станува збор за животни за гоење од фарма во сопственост на сточари.

Комисијата на ЕУ има намера до крајот на 2023 година, врз основа на Европската граѓанска иницијатива „Крај на добата на кафезите“ да претстави нацрт-уредба со која се забранува поединечно сместување на телиња.

Оваа уредба најверојатно ќе стапи на сила во 2027 година, но некои прашања се уште не се нерешени. Како прво, се работи за нерамномерни правила во земјите членки на Европската Унија. Прашањето кој ќе ги финансира дополнителните трошоци за инвестирање во производството не е решено. Дали тоа ќе бидат самите сточари или пазарот? Ваквите промени може дополнително да влијаат на состојбата на пазарот во овој сектор.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:сточарствотеле
Претходен напис Николовски: Поголеми субвенции во сточарството и пчеларството
Следен напис Српската влада ги ограничи цените на горивата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?