Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ниските цени на месото и горивото ги привлекоа Германците и Чесите во Полска, земјоделците најавуваат протести
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ниските цени на месото и горивото ги привлекоа Германците и Чесите во Полска, земјоделците најавуваат протести
Агровести

Ниските цени на месото и горивото ги привлекоа Германците и Чесите во Полска, земјоделците најавуваат протести

Објавено 10/02/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Полските бензински пумпи и продавници се окупирани од Чесите и Германците“ – ова е вест која одекна низ цела Европа во време кога глобалните цени на горивото и храната растат.

Во средината на јануари, Полска го укина ДДВ-то за храна, гас и ѓубрива, а го намали ДДВ за гориво од 23 на осум проценти. Станува збор за мерка која има за цел да ги ослободи граѓаните од последиците од инфлацијата во следните шест месеци.

Горивото поевтино до 60 центи

Полските медиуми целата ситуација ја нарекоа „шопинг-лудило“ и „мала миграција на луѓе“, а викендов овој шопинг во Германија беше наречен „резервоарски туризам“ (Tanktourismus).

Во Германија литар гориво оди до 1,80 евра (дизелот исто така достигна рекорд и изнесува 1,64 евра за литар), а во Полска истото се продава за 1,20 евра, пренесува money.pl.

Оваа „навала“ особено ги загрижува германските сопственици на бензински пумпи, кои стравуваат од банкрот, губење на работни места и, според Die Welt, бараат од државата барем привремено да го ограничи зголемувањето на цените и да ги намали даноците за гориво.

Чесите имаат лимит од 20 литри гориво по канистер, но има и такви на кои им се исплати да дојдат неколкупати во ист ден.

Килограм свински бут за помалку од 2 евра

Покрај бензинските пумпи, окупирани се и продавниците за храна. Според idnes.cz, Чесите отсекогаш оделе во соседството за да набават храна која таму сега е уште поевтина, а сега особено се заинтересирани за месото.

Многу полици се веќе празни, но сепак има свинско месо. Таму килограм свински котлети се 8 злоти, што е околу 1,70 евра, а бут чини 9 злоти (помалку од 2 евра). Сето ова е трипати поскапо во Чешка. Во Полска поевтино е и растителното масло, млечните производи, брашното, тестенините, овошјето, така што оние што живеат во близина на границата секако можат да заштедат од неделниот пазар на намирници.

Земјоделците на улиците

Иако оваа мерка се чини дека е многу добра за полските потрошувачи, одгледувачите на свињи кои се веќе долго време во незавидна позиција, би можеле целосно да пропаднат. Во јануари тие организираа протест поради нереакција на државните власти за брзо влошената економска состојба што ги снајде локалните семејни фарми како последица на пандемијата, долгогодишните неповолни временски услови, високите трошоци за производство. Тие повикаа и на бојкот на продажбата на свињи поради ниските цени на месото.

Тие најавија масовни протести на речиси 50 места низ државата. Тракторите ќе возат по улиците на поголемите градови или ќе блокираат патишта, пренесува cenyrolnicze.pl. Иако државата го намали данокот за ѓубрива и горива, од локалното здружение на земјоделци Агро Униа посочуваат дека ѓубривата се неколкупати поскапи од лани. „Состојбата, велат, во нашата влада, е под контрола и стабилна, бидејќи цената остана 3-4 пати повисока од лани и не расте. Сакаме да знаеме колку чини производството на ѓубрива во државните компании. Сакаме да знаеме колку заработуваат од нас“, изјави лидерот на ова здружение, Михал Колоџијчак.

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:полскапротести
Претходен напис Производители доставуваат мостри за натпреварот за најдобри вина и ракии
Следен напис Прогнози: Цените на житарките и маслодајните семиња ќе останат високи со рекордно ниво на побарувачка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?