Германската компанија BASF SE нуди нова сорта кромид „без солзи“, наречена „сунион“.
Новата сорта развиена од оваа компанија пристигнува на полиците на супермаркетите во Германија, откако во декември беше достапна за потрошувачите во Италија.
Купувачите во Велика Британија и Франција, исто така, добиваат „нов вкус“ откако производот беше претставен во последните неколку недели. „Сунион“ е достапен и во САД, Канада и Шпанија.
Ова е резултат на повеќе од три децении конвенционално одгледување, а освен својствата на растението кои му овозможуваат да не предизвикува солзење на очите, оваа нова сорта има и други карактеристики, наведуваат од компанијата.
„Додека кромидот обично станува поостар додека се чува, оваа сорта станува мека и послатка со текот на времето“, велат од компанијата.
Од компанијата посочуваат дека целта им е да понудат „пријатна храна“.
Останатото е на потрошувачите. „Кои земји следно ќе ги разгледаме зависи од локалниот интерес на потрошувачите и достапните опции за снабдување“, велат од компанијата, пренесува Блумберг.
