Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Високите цени на маслодајната репка доведоа до рекорд во засеаните површини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Високите цени на маслодајната репка доведоа до рекорд во засеаните површини
Агровести

Високите цени на маслодајната репка доведоа до рекорд во засеаните површини

Објавено 09/02/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Екстремно високите цени на маслодајната репка ги охрабрија земјоделците да посеат рекордни површини под оваа култура. Се предвидува дека глобалната површина ќе биде поголема за речиси еден милион хектари од минатата година и ќе достигне 40 милиони хектари во сезоната 2022/23. Тоа е зголемување за повеќе од 2 проценти во однос на тековната маркетиншка година.

Според Agrarheute, проценката на глобалното одгледување на маслодајна репка е зголемена за сезоната 2022/23 на рекордно ниво, а причина за проширувањето на површините е значителното зголемување на цените и големата побарувачка.

Доаѓа жетвата од новата реколта, а цената на париската берза МАТИФ беше фиксирана на 2 февруари и изнесува 616 евра/т. Но производните достигнувааат и 700 евра/т без складирање на посевите.

Проширување во две европски земји

IGC предвидува дека поголемите површини под оваа култура ќе бидат во најважните региони како што се Канада и Европската Унија. Се проценува дека во Канада, земјоделците ќе посеат 9,4 милиони хектари маслодајна репка за жетвата во 2022 година, што е за околу 400.000 хектари повеќе од претходната година. Според аналитичарите на Agrarmarkt Informations-Gesellschaft, се очекува експанзија на површините во Франција и Германија. Во ЕУ се очекува да бидат засеани околу 5,6 милиони хектари. Сепак, тоа ќе биде помалку отколку во 2017 година, дури и кога ќе се земат предвид површините во Обединетото Кралство.

Одгледувањето во Украина во споредба со проценката на IGC од ноември е 100.000 хектари повеќе од минатата сезона.

Според Унијата за промоција на маслодајни семиња и протеински видови (Ufop), загубите на приносите во сезоната 2021/22, резултираа со значително помало производство, треба да се гледаат како поттик за раст на меѓународните цени на оваа земјоделска култура.

Треба да се напомене дека производителите на гориво во земјите членки на ЕУ мора да бараат алтернативи за палминото масло, бидејќи вклучувањето на биогоривата од палминото масло во обврските за национални квоти ќе престане во 2023 година. Оттука, Ufop очекува дека навреме ќе мора да бара алтернативни суровини, а маслото од репка е приоритет.

Ѓубрење со арско ѓубриво?

Цените на минералните ѓубрива пораснаа. Agrarheute има спроведено истражување за нивна замена со органски ѓубрива, првенствено течно ѓубриво или супстрат за ферментација, кој кога се нанесува блиску до површината на почвата е високо ефикасен и ги задоволува потребите за елементите во трагови.

Слични приноси на житни култури и масло може да се постигнат со делумно додавање на азот од течно арско ѓубриво и остатоци од ферментација како и чисто минерално ѓубриво, како што е докажано со експеримент во Тирингија.

Додавањето помала количина азот не значи дека автоматски има големи загуби во приносите. Истражувањата покажаа дека економски оптималниот интензитет на ѓубриво бил и до 20 проценти помал. Меѓутоа, приходите се намалиле во многу помал степен.

Може да ви се допадне

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Таг:маслодајна репка
Претходен напис Преспанските јаболкопроизводители ќе ги изнесат своите барања пред ресорниот министер
Следен напис Европа е најтешко погодена од намалувањето на производството на вештачки ѓубрива
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?