Пергата е еден од најквалитетните пчелни производи. Таа претставува ферментиран полен. Пчелите внесуваат полен во саќето, го складираат, го збогатуваат со ензими и ферментира најмалку 21 ден во кошницата.
Кога пергата ќе созрее, пчелите ја конзервираат со тенок слој мед.
Познавачите велат дека е 9-10 пати поквалитетна од поленот, побрзо и подобро се апсорбира во организмот од поленот.
Може да се чува во замрзнувач 14 години без да ѝ се менуваат својствата бидејќи е целосно ферментирана.
Во процесот на добивање на пергата сѐ се работи рачно, а тоа е долга и напорна работа, која покрај квалитетот на пергата значително влијае и на самата цена.
Како поленот станува перга?
Процесот на преработка на полен во перга е многу сложен и трае околу 21 ден.
За поленот успешно да се претвори во перга, покрај пчелните ензими, потребна е и соодветна влажност и температура (микроклима) во кошницата што ја обезбедуваат пчелите.
Млечната кисела ферментација трае околу 3 недели и како резултат на ферментацијата се формира перга или пчелен леб.
Кога ќе заврши процесот на ферментација, пчелите добро ја набиваат пергата во саќето, до две третини од нејзината висина и ја полеваат со тенок слој мед, а потоа пергата е подготвена за употреба.
Пергата со своите корисни својства, покрај високото антимикробно дејство, има и голема биолошка вредност.
За што се употребува пергата?
Пергата може да се консумира во комбинација со мед или самостојно и тоа не повеќе од половина лажичка дневно. Се користи како додаток на секојдневната исхрана која е дефицитарна со протеини, витамини и минерали.
Се користи кај болести на нервниот и ендокриниот систем, кај болести на желудникот и дванаесетпалачното црево. Го зголемува бројот на еритроцити и хемоглобин во крвта.
Го зајакнува имунитетот, ја зголемува отпорноста на инфекции, ја обновува цревната флора, ја подобрува функцијата и потенцијата на простатата, ја одржува влажноста на кожата. Го зајакнува видот со помош на витаминот А.
Пергата особено ја користат луѓе изложени на штетно зрачење – во рендген салите, на ризични работни места или по дијагностички прегледи.
Кај луѓето склони кои консумираат многу алкохол, пергата ги враќа во организмот неопходните витамини и минерали кои алкохолот претходно ги уништил.
Пергата се користи и за:
• Подобрување на апетитот
• За подобар раст на децата
• Како средство против стареење
• Зајакнување на имунитетот
• За алергии
• За третман на грип
• Го забрзува исфрлањето на токсините
• Балансирање на нарушувањата на ендокрините жлезди
• Зајакнување на психофизичките способности
• Кај атеросклероза
• Кај хипотензија и хипертензија
• За подобра меморија. Ја стимулира работата на мозокот
• За намалување на холестеролот
• Го подобрува расположението и ја зголемува отпорноста на стрес
• Ги зајакнува мускулите со помош на витаминот Е.
• Го заштитува организмот од штетно зрачење.
• Кај болестите на крвните садови
• Кај состојби после инфаркт и мозочен удар
• Закрепнување на лице по изложување на штетно зрачење
• Лекување на алкохолизам
• Лекување на простата
• Кај хроничен запек
• Опоравување од тешки болести
• Го забавува растот на туморот
• Третман на полицистични јајници
• При решавање на проблеми со стерилитет
