Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Побарувачката на полиси за земјоделски површини во Македонија е многу мала – Зошто земјоделците не сакаат да се осигуруваат?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Побарувачката на полиси за земјоделски површини во Македонија е многу мала – Зошто земјоделците не сакаат да се осигуруваат?
Агровести

Побарувачката на полиси за земјоделски површини во Македонија е многу мала – Зошто земјоделците не сакаат да се осигуруваат?

Објавено 07/02/2022
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иако осигурувањето постои колку што постои и тровијата, информираноста за можностите и ризиците кои доаѓаат со понудата на осигурителните полиси, како и довербата во нив е прилично мала.

Според информациите до кои дојде МИА довербата во осигурителните полиси е најмала кај земјоделците, односно заинтересираноста за купување полиси за осигурување на земјоделски поседи во државава е на многу ниско ниво. Па така, од над 90.000 регистрирани земјоделски стопанства, помалку од 5 проценти од нив го осигуруваат своето производство.

Според Ѓорѓе Војновиќ, директор на осигурителната компанија Триглав, на малата заинтересираност за купување ваков вид полиси влијаат повеќе фактори.

-Перцепцијата дека осигурувањето е услуга, која не можат да си ја дозволат, нерентабилното производство, стари насади, сѐ помалку работници во секторот, недостаток на доверба кон осигурувањето како начин на заштита, но и аграрните политики во државата и досегашни начини на справување со проблемите во овој сегмент, особено во прилики на елементарни непогоди и незгоди. Во овие ситуации земјоделците во голема мера се надеваат и потпираат на поддршка и помош од државата, што придонесува кон креирање сосема погрешна перцепција дека осигурувањето не им е потребно – вели Војновиќ за МИА.

Појаснува дека и покрај тоа што земјоделците се свесни за ранливоста на овој сектор, како и фактот што премијата за осигурување е субвенционирана 60 проценти од страна на државата, нивниот интерес за осигурување е сѐ уште на ниско ниво. Се согласува дека недоволната информираност е исто така важен фактор.

Од друга страна, претседателката на Националната федерација на фармери Васе Мојсоска не се согласува дека недоволната информираност е една од причините. Таа вели дека и покрај огромните штети кои ги прават климатските промени, земјоделците не се одлучуваат за ваквите полиси затоа што како што вели се „изгорени“ од осигурителните компании.

-Имало ситуации во кои иако осигурани посеви зафатени од климатските промени, компаниите поради различни причини не им ги исплаќаат премиите, ова го велам, затоа што истото ми се случи и мене кога пред четири години, иако ми беа осигурани лозовите насади и беа погодени од град пред берба јас не добив ни денар од осигурителната компанија за штетите и после четири години се уште нема судска разврска. Токму поради овие причини земјоделците се плашат од осигурителните полиси – оценува Мојсовска.

Според неа, алармот за спас на земјоделско производство е активен уште од пред 10 години.

-Треба уште денеска да се запрашаме сите по која патека ќе се движи нашето земјоделство, дали ќе си го заштитиме од промената на климата или ќе го оставиме на работ на времето – истакнува Мојсоска.

Експертот од областа на осигурувањето Климе Попоски за МИА заклучи дека генерално важни причини за проблемот со побарувачката на осигурителните полиси од страна на земјоделците, е тоа што во државава елементарните непогоди се користат за политички поени, земјоделците не се доволно свесни за негативното влијание на климатските промени, присутноста на недоволна финансиска едуцираност, но и манипулативните услови наведени во договорите кај осигурителните компании.

–Пример пред 10 години осигурување од ран мраз почнувало од први април, увиделе дека има штети, па после тоа направија истите цени да важат ама од 15 април, но тоа не му го кажува на земјоделецот кој купува, и после ќе настане штета на 12 април и ќе му каже, ама условот е поинаков. Тука автоматски земјоделецот ја губи довербата во осигурувањето, сега ран мраз покриваат од први мај кога веројатноста е многу мала, не дека нема, но е мала – појаснува Попоски.

Според Мојсовска, потребно е да се најде друг модел на осигурување како што е моделот на осигурување во Турција, каде што самата држава ќе биде грбот на земјоделецот.

И Попоски се согласува дека е јасна потребата од примена на модел сличен на тој во Турција и Шпанија. Предлага тој што користи субвенции да мора да купува осигурување, ама осигурителните продукти да бидат единствени од сите компании и да биде еден вид понуда со единствени цени.

-Мојот предлог е примена на модел сличен на Шпанија, Турција, државата нели дава субвенции за земјоделско производство, државата дава субвенции за премијата за осигурување да биде задолжително, секој земјоделец кој аплицира за субвенција за земјоделско производство да мора да ги осигурува своите посеви, парите од осигурувањето да одат во тој осигурителен пул и исплатата на штета кога ќе дојде да биде исклучиво од лиценцирани или овластени проценители на штети, кои ќе бидат агроекономисти што реално и брзо ќе можат да ја вршат проценката, со други зборови тој што користи субвенции за производство и за откуп да мора да купува осигурување, државата ќе му субвенционира 60 отсто, а тој мора да купува, ама продуктот што го купува за осигурување да биде унифициран како што е примерот со осигурувањето кај колите – објаснува тој.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:Земјоделствоосигурување
Претходен напис Времето денеска облачно, попладне дожд, а на планините снег
Следен напис (ВИДЕО) Млади сточари со дронови ги внесуваат кравите во штала
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?