Најмалку 400.000 кокошки угинаа во Уругвај како резултат на топлотен стрес во средината на јануари. Оваа вест ја потврдија од Здружението на производители на живина.
Според Хоаким Фернандез, претседател на Здружението на производители на живина „Апаса“, ова претставува помеѓу 10% и 20% од уругвајското производство. Фернандез изјави дека не видел такво нешто во последните 43 години.
На 14 јануари, земјата ја забележала највисоката температура досега, 44°C во градот Флорида, според Уругвајскиот метеоролошки институт. Покрај Флорида, многу други градови забележале високи температури кои биле над 40°C.
Високите температури можат да ги убијат кокошките бидејќи тие немаат потни жлезди и затоа се борат да ја контролираат телесната температура. Како резултат на тоа, имаат тешкотии со дишењето и може да угинат.
Идеална температура за живината
Идеалната температура за живината е помеѓу 15 и 28 степени Целзиусови, со релативна влажност која варира од 40 до 80%.
Во 2012 година, 200.000 птици ја имаа истата судбина во Уругвај.
Според претседателот на „Апаса“, финансиската загуба за производителите би можела да достигне над милион долари. И покрај тоа, цената на јајцата ќе биде минимална, изјавил тој.
Извор: poultryworld.net
