Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Недимовиќ: Обезбедени се 400.000 тони вештачки ѓубрива и семе за претстојната сеидба, нема причина за загриженост
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Недимовиќ: Обезбедени се 400.000 тони вештачки ѓубрива и семе за претстојната сеидба, нема причина за загриженост
Агровест

Недимовиќ: Обезбедени се 400.000 тони вештачки ѓубрива и семе за претстојната сеидба, нема причина за загриженост

Објавено 02/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство на Србија, Бранислав Недимовиќ вели дека 400.000 тони вештачки ѓубрива се потребите на Србија и дека целосно се обезбедени преку увозниците.

„Обезбедивме 400.000 тони вештачки ѓубрива, а земјоделските производители на пченица, а подоцна и на другите култури целосно ќе бидат подмирени“, рече Недимовиќ во гостувањето на РТС.

Рече дека факт е дека во светот има сериозна криза со гасот и дека Србија не може да се однесува како да е сама на планетата.

„Србија и Југославија отсекогаш биле зависни од увоз на уреа бидејќи немавме доволно гас. Како што немаме море, така немаме гас. Секогаш мора да бидеме свесни за моментот во кој живееме. Цената на уреата почна да паѓа, сега за речиси 200 евра е помала од пред еден месец и тоа е трендот“, објаснува Недимовиќ.

Тој нагласи дека на пазарот има доволно ѓубриво, дека пристигнуваат нови контингенти и дека тоа ќе биде сосема доволно за сите работи во земјоделството.

Претходно, Министерството за земјоделство на Србија најави вонредна контрола на увезеното ѓубриво и неговиот квалитет, за во оваа ситуација да нема никаква злоупотреба и штета на земјоделците.

Исто така рече дека е обезбедено семе за сеидба и дека нема причина за загриженост.

„Што се однесува до пченката и другите култури кои одат на пролет, не грижете се, ние имаме сопствено производство и немаме никакви проблеми“, нагласува Недимовиќ.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:недимовиќ
Претходен напис Николовски во Прилеп ќе ги додели првите договори за закуп на земјоделско земјиште
Следен напис Во сабота локални врнежи, од понеделник стабилно и потопло
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?