Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продажбата на трактори во Европа во 2021 во пораст – Рекордна продажба во Италија, во Швајцарија купуваат поскапи машини, полските земјоделци бараат трактори со помала сила
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Продажбата на трактори во Европа во 2021 во пораст – Рекордна продажба во Италија, во Швајцарија купуваат поскапи машини, полските земјоделци бараат трактори со помала сила
Пазари

Продажбата на трактори во Европа во 2021 во пораст – Рекордна продажба во Италија, во Швајцарија купуваат поскапи машини, полските земјоделци бараат трактори со помала сила

Објавено 31/01/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производителите на трактори, најбараните земјоделски машини во светот, постојано се натпреваруваат во нови модели и иновации кои на земјоделците им ја олеснуваат работата, ја намалуваат потрошувачката на гориво и нудат иновативни решенија.

Најпродаваните трактори им припаѓаат на брендовите како John Deere, New Holland, Fendt, Case IH, Massey Ferguson, Valtra, Kubota, Deutz-Fahr, CLAAS и други.

Продажбата варира од држава до држава, но раст е забележан во многу земји.

Рекордна продажба во Италија

Во Италија е забележена рекордна продажба на трактори од 36 отсто, покажуваат податоците што ги обработува FederUnacoma врз основа на регистрираните во Министерството за транспорт. Покрај поддршката за руралниот развој преку кофинансирање од Европската Унија, приоритет е и обновата на машинскиот парк и државата се обидува преку низа мерки да го олесни купувањето на земјоделска механизација, пренесува Farmer.

Лидер на овој пазар е New Holland, на групацијата CNH Industrial контролирана од италијанското семејство Ањели, а потоа следат Landini, John Deer, Antonio Carraro и Same.

John Deer прв во Франција и Британија

И покрај домашното производство, Французите му ја дадоа довербата на John Deer, а потоа следуваат New Holland, Fendt, Claas. Во 2021 година се продадени 24.543 од трактори, што е зголемување за 2,7 отсто во однос на претходниот период. Најголемиот број е продаден во сегментот од 100 до 149 КС, но најдобрата динамика е карактеристична за малку помоќните машини од 150 КС до 199 КС.

Според податоците објавени од Здружението на земјоделски инженери (АЕА) во Обединетото Кралство, продажбата се зголемила за речиси 16 отсто, а биле продадени 12.017. И таму John Deer ја надмина конкуренцијата. Оваа компанија доминира на пазарот повеќе од дваесет години и покрај овој успех, во последните неколку години сепак се чувствува пад од речиси 5,5 проценти.

Во Швајцарија купуваат поскапи машини

Во Швајцарија земјоделците купуваат нешто поскапи трактори, а таму се регистрирани 2.330 нови трактори, што претставува раст на продажбата од 14,3 отсто.

Fendt е лидер на пазарот, а по него следат John Deere и New Holland. Следните места ги заземаат Deutz-Fahr, Massey Ferguson и Claas. Швајцарскиот бренд Hurlimann се пресели од 10. на 7. место, оставајќи го зад себе Steyr.

Во Германија и Австрија сè уште не се знае како завршила во 2021. Но, податоците за ноември покажуваат дека може да биде добро и дека двете земји ќе забележат раст на продажбата.

До есента, најпродавани трактори во Германија биле John Deere, Fendt, Deutz-Fahr, комбинираните Case IH/Steyr i Claas. Во Австрија, Steyr беше на прво место во сличниот период, а потоа следуваа New Holland, John Deere, Fendt и Lindner.

Полските земјоделци бараат трактори со помала сила

Во Полска, бројот на трактори регистрирани за прв пат се зголемил за речиси 43 проценти во 2021 година. Таа бројка би била поголема доколку немало доцнење во производството поради недостиг на компоненти, пишува Farmer. Причина за тоа се проблемите во испораката на стоки како резултат на прекини во снабдувањето, а една од важните причини е пандемијата на коронарниот вирус.

New Holland, кој е на првото место веќе тринаесет години, сè уште доминира на пазарот таму, а потоа следат Kubota, John Deer и Deutz-Fahr.

И покрај тоа што расте бројот на продажби, овие брендови изгубија дел од пазарот. Од ова корист имаа компаниите Lavol и Arbos. Нивната предност е што продаваат трактори со помала моќност до 50 КС. Fendt, TYM и Landini имаат добар дел од продажбата.

И Украина не ја сумирала сезоната, но до есента лидер на домашниот пазар беше белорускиот MTZ, кој ги надмина своите конкуренти за 62 отсто од вкупниот број. Следуваат John Deere (13%), New Holland (10%) i Case IH (4%).

Одејќи понатаму на север, кон Шведска, таму се регистрирани 2.971 нови трактори во 2021 година и е забележан раст на продажбата од 7 проценти. John Deere е на прво место, Valtra на второ и New Holland на трето.

Иако сѐ уште не се достапни целосни податоци за САД, таму се продадени речиси 318.000 трактори.

Може да се заклучи дека минатата година, по една многу чудна 2020 година, не беше толку лоша за продажба на земјоделска механизација. За оваа година, иако претставниците на компаниите тврдат дека нема да има проблеми со достапноста, веќе има информации дека се продолжува времето на чекање за одредени модели.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Иротова – Лазарева: Државата ќе врши набавка и ќе им ги доделува механизацијата и тракторите на земјоделците
Марков: Нема да се одземаат тракторите и приклучната механизација кои се нерегистрирани и без сопственост
Ќе се легализираат трактори, тракторски приколки, но и мотокултиватори
Земјоделците бараат повторно можност за ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ТРАКТОРИТЕ
Ќе се одземаат неисправни трактори затекнати во сообраќај
Таг:Case IHCLAASDeutz-FahrFendtJohn DeereKubotaMassey FergusonNew HollandValtraтрактори
Претходен напис Рекорден отстрел на диви свињи последните два викенди во Кичевско
Следен напис Направете едноставна мешавина од банани и вратете ги вашите орхидеи во живот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?