Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Прилепско голем интерес за државно земјоделско земјиште под концесија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Во Прилепско голем интерес за државно земјоделско земјиште под концесија
Агровест

Во Прилепско голем интерес за државно земјоделско земјиште под концесија

Објавено 29/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Прилепските земјоделци покажуваат голем интерес за земање под концесија државно земјоделско земјиште, потврдуваат од подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп. Преку 400 хектари државно земјиште во прилепскиот дел од Пелагонија ќе бидат ставени во функција за новата производствена година. Потпишани се над 220 договори меѓу Министерството за земјоделство и производителите.

Музафер Мустафоски е земјоделец од прилепското село Kанатларци. Тој и неговиот син под концесија зеле по три хектари државно земјоделско земјиште и со земјиштето што го имаат досега, ќе работат и ќе произведуваат на 10 хектари.

– Јас и мојот син под концесија зедовме по три хектари државно земјоделско земјиште. Досега имавме четири и сега вкупно на располагање ни се 10 хектари земја. Главно ќе садиме тутун, житни култури, сончоглед. Ова е многу добро и поисплатливо, зашто земјата што досега ја земавме под кирија од приватни земјоделци стана неисплатлива. Сега, добиваме и субвенции, па производството е исплатливо. Ние друго не може да работиме, живееме од земјоделското производство и се надеваме дека ќе остане профитабилно, изјави Мустафоски.

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство објаснуваат дека според бизнис планот што го доставија производителите, нема промена во одгледувањето култури. На прво место се градинарските, па житните и тутунот, а се враќа и интересот за овоштарници и производството на лешници.

Министерството за земјоделство најавува нов повик за производителите да го земат земјиштето под концесија и да произведуваат исплатливо. Очекувањата се дека секој што сака државно земјоделско земјиште и да произведува, ќе добие можност што е добро да зазелени голем дел од Пелагонија и да се стави земјиштето во функција.

МИА

Може да ви се допадне

Утре во Виница ќе се спроведе прскање против комарци од земја
Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Таг:земјаконцесијамзшвсубвенциихектари
Претходен напис Николовски во Кочани: Продолжуваме силно да го поддржуваме производството на ориз, високи субвенции, нови мобилни сушари, помош при набавка на ѓубрива…
Следен напис Бачовски: И покрај ковид кризата, мината година остваривме рекордна исплата на субвенции
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?