Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Расте одгледувањето житни култури во Русија, а загрозени се други површини со житородни подрачја во светот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Расте одгледувањето житни култури во Русија, а загрозени се други површини со житородни подрачја во светот
Агровести

Расте одгледувањето житни култури во Русија, а загрозени се други површини со житородни подрачја во светот

Објавено 28/01/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во последните триесет години, Русија се трансформираше од голем увозник во првиот светски извозник или снабдувач со житни култури. Климатските промени може дополнително да влијаат на нејзината позиција на овој пазар.

Во моментов пченицата во Русија се одгледува на околу 29 милиони хектари, што е далеку над површините со кои располага Европската Унија, а постои можност за нивно зголемување, пишува Агрархеуте. Доколку продолжи трендот на глобално затоплување, Русија би можела да ги искористи северните области за одгледување житни култури. Имено, се топи сибирскиот вечен мраз, слојот замрзната почва под површината на Земјата во која температурата постојано е под нулата и станува обработлива.

Загрозени други површини со житородни подрачја

Тоа значи дека оваа земја би можела да стане најважниот производител на житни култури, бидејќи во исто време климатските промени имаат неповолно влијание врз плодните области на Австралија, Јужна Америка, САД и Европа. Прогнозите за овие области не се добри кога се во прашање климатските промени. Нив им се закануваат долги периоди на високи температури, суши и бури. Проценката на ФАО покажува дека температурите во овие региони ќе се зголемат за 1,8 степени Целзиусови во следната деценија и за 3,50 степени Целзиусови до 2050 година.

„Арктикот е огромен предизвик. На промените можеме успешно да одговориме само ако работиме заедно. Еден од предизвиците ќе биде да се најде рамнотежа помеѓу економскиот развој и зачувувањето на арктичката средина“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на Арктичкиот форум уште пред три години.

Руска пченица за половина свет

На 60 отсто од руската површина под пченица, до 17 милиони хектари, се одгледува пролетна пченица. Тоа се областите на Далечниот Исток и северот на Русија. За следната деценија, Меѓународниот совет за житарки (IGC) предвидува континуиран пораст на побарувачката и потрошувачката на овие култури за 1 до 2 проценти годишно. Во истата насока одат и прогнозите на ФАО. Приносите на пченицата во последните години достигнаа 85 милиони тони, а во наредниот период може да се зголемат.

Се верува дека рускиот извоз на житарки и други земјоделски производи би можел да биде исто толку важен за 10 години колку што е моментално извозот на нафта и гас. Во 2020 година, Владимир Путин ја потпиша „Националната арктичка стратегија“ до 2035 година, со која се планира експлоатација на руди и други суровини, како и проширување на земјоделството во регионот.

Покрај класичните житни култури, одгледувањето на соја исто така сѐ повеќе се движи кон север. Науката е повикана да помогне. Истражувачките центри и компаниите работат на создавање сорти и хибриди кои се прилагодени на постудените области. Најновите сорти можат да растат и да се берат на температури над 10 степени Целзиусови и имаат пократка сезона на растење.

Сојата сè уште е дефицитарна за рускиот пазар и тие се обидуваат да ги искористат предностите на климатските промени за да ги зголемат површините на кои се одгледува.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:житоРусијасибир
Претходен напис Долгорочна прогноза – Дали Европа ја очекува пролет без врнежи?
Следен напис (ВИДЕО) Искуства: Производство на аспарагус како профитабилен бизнис
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?