Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исхрана на добитокот во текот на зимата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Исхрана на добитокот во текот на зимата
Сточарско производство

Исхрана на добитокот во текот на зимата

Објавено 26/01/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Говедарска фарма

Во зимските месеци вниманието кон животните не треба да слабее. Крајните економски резултати бараат одржување на висока продуктивност преку целата година.
За добивање на повеќе и поквалитетно млеко соодветно на расата, наследните и индивидуалните карактеристики на животните, потребно е да се посвети сериозно внимание на исхраната на кравите во зимскиот период од годината, како најважен и клучен услов. Дажбите за кравите треба да ги содржат потребните хранливи материи: протеини, јаглени хидрати, масти и да бидат богати со витамини, минерални материи и др.

Во зима, дажбите за кравите се состојат од концентрирана храна, сено, сочна фуражна храна (силажа, сточна репка и др.), како и други кабасти и помалку квалитетни хранива (слама, плева, растителни остатоци од пченка). Обично кравите се хранат 2-3 пати на ден. Различните видови на храна им се даваат по следниов редослед: концентрирана, сочна (или и двете истовремено) и на крај кабаста сточна храна.

Пожелно е пред давањето храната да биде претходно обработена – исечкана, меласирана, запарена итн. Кога е во мала количина, сеното се дава наутро и на пладне во мали порции.

Во зима кравите се напојуваат онолку пати колку пати што се хранат, па ако не им е осигурен постојан пристап до вода, или водата е замрзната, треба да се усогласат со условите. Остатоците од храна во јаслите треба да се чистат пред секое следно хранење на кравите, за да се избегнат гниењето и ферментацијата. На 100 кг жива мера се дава 1-1.5 кг сено и 3-5 кг силажа. Количеството на концентрирана сточна храна (житарици, трици, ќуспиња, и др.) зависи од дневната млечност на кравата – се дава 200-300 грама на 1 литар млеко. Кај нископродуктивните животни – со млечност за лактационен период од 1800-2200 л и 3,8-4% масленост на млекото во текот на зимата, на кравите им се дава по 4-6 килограми сено, 2-4 кг слама и растителни остатоци од пченка, 20-25 кг сочна сточна храна (силажа и репка) и по 2-3 кг концентрирана сточна храна дневно.

Овчарство и козарство

Во голем дел од фармите во рамничарските подрачја, почетокот на годината се совпаѓа со периодот на јагнење. Затоа треба да се посвети сериозно внимание на исхраната на приплодните овци во текот на овој период на годината – вториот период на бременоста или периодот на доење на новородените јагниња. Во вториот период на бременоста, барањата на животните се зголемуваат со 15-20%. Храната за овците во овој период треба да биде таква што ќе обезбеди повеќе компоненти – по 0,3 килограми концентрирана сточна храна со трици или мешавина со пченка, до 3 килограми ливадско сено, 0,5 кг луцеркино сено, 1 кг сточна репа и до 0,5 килограми слама. Периодот на доење (првите два месеци по јагнењето) се карактеризира со нагло зголемување на барањата на животните. Дневната доза на една овца треба да вклучува околу 0,4 килограми смеска од 2-3 вида концентрирана храна (пченка и јачмен во вид на крма), 1,5 килограми ливадско сено, 2 кг силажа, 1 кг слама и околу 10 г минерални материи. Камена сол се дава по желба.

Во месец јануари започнува и окозувањето на козите. За нормално раѓање на јарињата потребен е целосен мир на мајките, да биде добро исчистено, релативно топло, суво и да нема провев во просторијата. Просторијата се чисти, главно се дезинфицира две недели пред окозувањето на козите. Потоа подот се прекрива со дебел слој чиста сува слама. Во последните денови до окозувањето, треба внимателно да се следи однесувањето на бремената коза, за да ѝ се укаже потребната помош при потреба.

Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

Може да ви се допадне

Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Кои раси се најчувствителни на маститис кај млечните крави?
Таг:исхрана
Претходен напис Водостоите на повеќето реки над јануарскиот просек, но пониски од вчера
Следен напис Британците садат овошје кое досега не го саделе – Сметаат дека одгледувањето насади со ореви и лешници е инвестиција во иднината
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?