Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски од Софија: Меморандумот за соработка со Бугарија во областа на земјоделството е голем чекор за унапредување на билатералната и трговската соработка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски од Софија: Меморандумот за соработка со Бугарија во областа на земјоделството е голем чекор за унапредување на билатералната и трговската соработка
Агровести

Николовски од Софија: Меморандумот за соработка со Бугарија во областа на земјоделството е голем чекор за унапредување на билатералната и трговската соработка

Објавено 25/01/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска во Софија, во рамки на заедничката седница на владите од Република Северна Македонија и Република Бугарија, со која копретседаваа двајцата премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, Љупчо Николовски и министерот за земјоделство на Република Бугарија, Иван Иванов, потпишаа Меморандум за соработка во областа на земјоделството, земјоделските науки, руралните области и шумарството. Министерот Николовски посочи дека овој значаен билатерален договор претставува голем чекор за зацврстувањето и унапредувањето на билатералната и трговската соработка помеѓу двете држави.

„Верувам дека во периодот што следи ќе испорачаме брзи резултати. Ние денеска потпишавме Меморандум за соработка и со министерот за земјоделство на Бугарија Иван Иванов, разговаравме за значењето на земјоделскиот сектор, за двете држави да ја зголемат соработката и заеднички да испорачаме резултати. Северна Македонија е лидер во регионот по искористеност на ИПАРД програмите, а искуството на Бугарија како земја членка на ЕУ ќе ни биде од големо значење во имплементацијата на Инструментите за претпристапна помош во ЕУ. Унапредувањето на шумарството и ловството ќе биде еден од приоритетите во следниот период за работа“, рече министерот Николовски.

При тоа, министерот Николовски изјави дека веднаш ќе се започнат подготвките за формирање на работните групи од двете министерства во сите области од Меморандумот, и на почеток на следниот месец ќе се одржи првиот состанок на групите. Меморандумот отвора можност за блиска соработка меѓу надлежните институции од Северна Македонија и од Бугарија во повеќе области. Работните меѓуресорски групи што ќе се формираат за краток период ќе работат на развивање на соработката во доменот на:

·Имплементација на Инструментите за претпристапна помош во ЕУ;

· Земјоделските науки;

· Шумарство и Ловство;

· Органско производство и преработка на органски земјоделски производи;

· Биотехнологии во полјоделството и во сточарството;

· Селекција и репродукција во сточарството;

· Транснационална соработка во руралната област и други области од заеднички интерес.

Освен техничка и административна соработка, двете министерства ќе разменуваат научни и технички информации и експертски искуства во доменот на земјоделството, ќе организираат семинари и обуки, ќе работат на имплементација на заеднички истражувачки програми во земјоделството и земјоделските науки. Во текот на денешниот ден, во рамки на меѓувладината седница, министерот Николовски заедно со колегите министри од Република Бугарија, учествуваше на првиот состанок со работната група за економија, енергетика, финансии, иновации и развојот, инвестиции и земјоделство, на којшто се поставија основите за работа во областите и се утврдија роковите за исполнување на приоритетите.

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:Николовски
Претходен напис Николовски: За нас како земја лидер во регионот по искористеност на ИПАРД програмите, значајно е искуството на Република Бугарија во имплементацијата на Инструментите за претпристапна помош во ЕУ
Следен напис Сите бенефити за здравјето на ладно цеденото масло од горка кајсија на АГРОФИЛА – Го подобрува здравјето на срцето, го намалува нивото на холестерол, го спречува влошувањето на видот…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?