Горката кајсија потекнува од Западна Азија (Ерменија) или Кина. Ова мало дрво, со темно зелена боја, со сјајни овални листови, бара топлина и го има скоро насекаде низ светот. Кајсиите се користат во нивната основна форма, но исто така се користат и во приготвување на компоти, мармалади, џусови, суво овошје, овошни желеа, бренди, ликери од кајсија и како масло од семки од кајсија.
Ладно цеденото масло од горка кајсија е светло-жолто масло со карактеристичен мирис и вкус. Маслото од горка кајсија е масло за пиење со богати биолошки карактеристики. При процесот на ладно цедење, семката од кајсија ги задржува своите природни состојки и природни карактеристики. Со користење на маслото, човечкото тело прима незаситени масни киселини кои вршат неутрализација на активноста на естроген.
Огромни се придобивките од маслото од горка кајсија.
-Помага во варењето на храната, го подобрува метаболизмот, корисно е за кожни заболувања, рак и анемија.
-Маслото од кајсија е корисно за лекување затегнати мускули и рани.
-Има способност за подобрување на здравјето на срцето, намалување на нивото на холестерол, спречува влошување на видот.
-Исто така помага за губење на телесната тежина, третирање на респираторни проблеми, зајакнување на цврстината на коските и одржување на електролитниот баланс во организмот.

